Италија веќе почна да чувствува колку и беа вредни работниците од Македонија

0

Во Италија моментално недостигаат околу 60.000 сезонски работници за берење зеленчук што порано созреа поради топлата зима.

Најголемиот број сезонски работници на фармите во Италија се странски државјани кои доаѓаат од земји на ЕУ (како Романија, Бугарија), многумина и илегално, без документи. Таквите работници често работат без договор, со ниски плати и без никакви права.

Јавна тајна е дека многумина Македонци, како со виза, така и со бугарски пасош, но и на црно беа вклучени во овој процес, особено во северниот дел на Италија на плантажите со јаболки, но и лозови насади.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, годинава границите се затворени, строго се контролираат, сообраќајот меѓу државите и градовите е сведен на минимум, така што работниците кои претходно доаѓаа да работат на фармите сега не можат да стигнат.

Лидерот на партијата Лига, Матео Салвини повика 200.000 Италијани кои добиваат финансиска помош од државата да се пријават и да заработат пари за себе, но и, како што рече, да и се оддолжат на државата што им помага.

На социјалните мрежи им се порачува на оние Италијани кои немаат работа, а претходно ги обвинуваа партиите и мигрантите дека им ги земаат работните места, дека сега е нивна шанса да работат тоа што во нормални услови, без епидемија, Италијаните не сакаат да го работат.

Македонските државјани во Италија се соочуваат со најтешките моменти од престојот на Апенините откако коронавирусот ги загрози животите на десетици илјади граѓани, а околу 1.000 веќе се мртви. Семејство од Делчево кое е во самоизолација во Северна Италија раскажува дека 24 часовниот режим на изолација тешко се поднесува.

Тешкиот карантин како што додаваат трае 24 часа, секој мора да биде дома, за да не се шири и пренесува вирусот.

-Посебно Северна Ломбардија и Пиемонте се во хаос, почнува да се влошува ситуацијата и во Венето. Училишта, градинки и факултетите не работат. На секои две минути на телевизијата повторуваат:

Седете дома не излегувајте без потреба и мијте раце со сапун и вода. Има големи редици во супермаркетите, се влегува еден по еден, откако едниот купувач ќе излезе. Има продукти, се празнат рафтовите бргу, но се врши дотур на роба. Карабинери шетаа по улиците нон-стоп со автомобилите, додава делчевското семејство кое е во самоизолација.

Претходна статијаЗаразен и медицински персонал од Корона во главната болница каде што се лечат од овој вирус
Следна статија„Заразени сме јас и сопругата – ги немаме видено децата 15 дена: Како не ви е срам да не плукате“