Министерот Филипче утрово најави кога ќе се знае дали за 1. мај ќе има карантин: Одлуката паѓа в четврток

0

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 1 Мај 2020 година (петок), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Македонија им го честита Денот на трудот.

Министерот за здравство во гостувањето на ТВ Стител, во емисијата „Ја сакам Македонија“, најави дека најверојатно во четврток ќе се знае дали ќе има карантин за Први мај.

Се уште е рано да се каже дали ќе има тридневен карантин за викендот кој следни односно за првомајските празници. Во зависност на бројот на новозаболени, во соработка со комисијата за заразни болести и нивната анализа, ќе ја донесеме заеднички одлуката која најверојатно ќе ја соопштиме во четврток.

Тешко е да се биде затворен, но со помош на оваа мерка успеваме успешно да се избориме со болеста. Ова е време кога сите треба да се воздржиме за доброто на сите, изјави Филипче.

Тој одговарајќи на новинарско прашање вчера кажа дека Владата, зависно од однесувањето на граѓаните деновиве, ќе донесе одлука дали празникот 1 Мај ќе го поминеме во карантин.

Видовме слики од овие изминати денови од граѓани кои навистина ги почитуваат мерките, но има и голем број граѓани кои не ги почитуваат овие мерки.

Мерката на разлабавување на полицискиот час ја донесовме заедно со мерката за задолжително носење заштитина опрема. Ако овие мерки не се почитуваат ќе имаме несакан ефект.

Ќе го следиме однесувањето на граѓаните и ќе донесеме одлука какви мерки ќе преземеме за следниот викенд – соопшти министерот Филипче на вчерашната прес конференција.

Претходна статијаДокторката Верица го победи корона вирусот: Од почетокот на пандемијата максимално ги почитував препораките за заштита
Следна статијаВело Марковски се огласи повторно: Да се чека максимално подолго пред да се става на респиратор