Докторката Верица го победи корона вирусот: Од почетокот на пандемијата максимално ги почитував препораките за заштита

0

Како што објави Министерството за здравство во теко на вчерашниот ден, беше постигнат рекорд на оздравени пациенти во еден ден од Корона вирусот.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти во: Скопје – 22, Штип -1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово -72.

Со тоа до вчера имаме вкупно 500 пациенти оздравени од КОВИД-19! Благодарност до медицинскиот персонал, пациентите и нивните семејства.

За да продолжиме успешно да се справуваме со коронавирусот, неопходна е поддршка и одговорност од сите граѓани. Да ги почитуваме мерките, затоа што само заедно ќе успееме.

Како што е познато, пред извесно време беше објавено дека и во Општата болница во Кочани има прв случај на заразено медицинско лице со Корона вирус.

Стануваше збор за докторка специалист интернис од тамошното интерно оделени која синоќа се огласи и објави дека се излечила:

Почитувани сограѓани

Денес ја добив информацијата за моите два последователни НЕГАТИВНИ тестови за Ковид 19 (направени на 23.04 2020 и 24.04 2020) и од денес сум во групата на оздравени пациенти од Корона вирус.

За Ваша информација тестовите за Ковид 19 на сите мои колеги, на персоналот од интерно одделение, на мојата фамилија и на сите останати во врска со мојот случај се негативни.Тоа е доказ дека од почетокот на пандемијата максимално ги почитував препораките за заштита дадени од МЗ.

Ви благодарам на сите за подршката и на сите Вас што бевте со мене во овој период.Ви пожеливам добро здравје. Со почит др.Јакимова Верица

Претходна статијаВанковска: Не се секирајте до прославата на Рамазан сите ќе се оправиме и ќе нема карантин
Следна статијаМинистерот Филипче утрово најави кога ќе се знае дали за 1. мај ќе има карантин: Одлуката паѓа в четврток