Уште една позитивна вест сподели Филипче: И денес повеќе оздравени во однос на нови случаи со Корона

0

Министерот за здравство, Венко Филипче како што е познато синоќа објави дека неговиот резултат на тестирањето за ковид-19 е негативен.

Како што истакна, иако според проценката на епидемиолозите јас не бев во ризик, сепак одлучив да останам во самоизолација.

Негативниот резултат го добивам на осмиот ден од самоизолацијата во која останувам до истекот на инкубациониот период од 14 дена.

Сите мои активности и управувањето со кризата со коронавирусот во земјата и во изминатата недела се одвиваат непречено. Редовно одржувам он-лајн состаноци со Комисијата за заразни болести, моите колеги, институциите, медиумите и владата. Така ќе биде и во наредната недела.

Им благодарам на сите граѓани на поддршката и во оваа прилика уште еднаш потсетувам дека личната одговорност е предуслов за колективното здравје.

Почитувањето на мерките до сега дава добри резултати. Ако останеме доследни на ова и се прилагодиме кон промените, многу побрзо ќе ја надминеме оваа состојба.

Попладнево Филипче и Министерстовот за здравство ги соопштија најновите информации за последните 24 часа со корона вирусот.

Денеска регистрирани се 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови.

На Инфективната клиника во Скопје по чина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април.

Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје 11, Куманово 2, Тетово 3, Струга 6, Битола 1, Гостивар 1, Виница 1 и Неготино 1

Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1326.

Во изминатото деноноќие направени се 408 теста. Досега во земјата се направени вкупно 14057 тестирања на КОВИД-19.

Претходна статијаСашо Тасевски: Ко сме кај лажењето, Николче да те потсетам
Следна статијаДарко Спејко: Манекенки ми се слабост – што да правам