Сашо Тасевски: Ко сме кај лажењето, Николче да те потсетам

0

Владата крие документ според кој Бугарија отворено го условува датумот за преговори на нашата земја со ЕУ, обвинија вчера од ВМРО – ДПМНЕ. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, одговори на својот фејсбук профил – Николовски се однесува како политички лешинар кој се радува и едвај чека да има лоши вести.

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски, на прес – конференција рече дека земјава има сериозен проблем во интеграцискиот процес затоа што Софија бара државата да се откаже од македонското малцинство и македонскиот народ.

Николовски обвини дека Бугарија бара од државава да користи “службен јазик на Република Македонија” наместо македонски јазик. Тој зборуваше за документ кој е дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ без кој Македонија нема да има датум за преговори.

– Во заклучоците на Советот на Европската Унија јасно стои дека изјавата на бугарската делегација е составен дел од одлуката. Со ова Заев, Димитров, Спасовски, Шекеринска влегуваат во проект за редефинирање, односно создавање на новата т.н. северномакедонска нација и целосно откажување од сè што е македонско.

Огромен скандал е што за ова молчи и Стево Пендаровски кој по неколку недели излезе со став во македонската јавност целосно релативизирајќи го овој скандал. Не смее да се релативизира овој неуспех. Затоа што и претходно овие исти ликови не убедуваа дека спорот за името беше билатерално прашање.

Претседателот на државата има ингеренции во надворешната политика. Прашањето е зошто тој со недели молчел за овој документ. Ако знаел, тогаш зошто не презел нешто. Ако не знаел, тогаш зошто и кој го криел тоа од него? Овие се прашања на кои очекуваме одговори од Владата и од претседателот на државата, изјави Николоски.

Со реакција на оваа тема со статус се огласи и Сашо Тасевски:

Ко сме кај лажењето, Николче и кај вашите патриотски бетон позиции, да те потсетам, покрај името и историјата, се откажавте и од нашето малцинство во Грција така? Срам ви е гласно да кажете на каков јазик зборуваат нашите во Егејска М. Па тртљавте ко тој портпаролот на влада што ви беше, ко го прашаа каков е тој јазик, пола саат се препотуваше и не одговори.

Такашто во врска со Бугарија, ДА, го бара тоа што ти викаш не го бара и тоа барање не им е предизборен трик кој божем ЕУ ќе им го игнорира. А тие бараат да се откажеме од јазикот и малцинството во Бугарија како услов за влез во ЕУ.

Многу добро знаеме дека нема да се откажат од тоа барање, затоа без глума молам. Чак што више, затоа и го потпишаввте оној договор за ѓоамити пријателство. Затоа и Бојче ве тапша по рамо и понекогаш ви мава заушка ако се опуштите. Ве држи за раче ко првачиња.

Еднаш ко сте го дале задникот под кирија, ќе си плаќате за секое седнување на нивна софра.

Не треба да бидеш експерт по надворешна политика, да видиш кој на когу му го онади мајчето и зошто. Не ко сте вие у прашање. Се читате ко буквар, ама од авион.

Претходна статијаУтрово пристигна убава вест од ЕУ: Конечно во Македонија пристигнаа нови респиратори
Следна статијаУште една позитивна вест сподели Филипче: И денес повеќе оздравени во однос на нови случаи со Корона