Состојбата со Корона денес е непроменета за разлика од претходните денови. Најголеми жаришта остануваат Италија, Шпанија и Соединетите Американски држави.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на нацијата и соопшти дека треба да биде подготвена за многу жртви и заразени во следните месец дена. Пикот во оваа држава се очекува во втората половина од овој месец и проценките се дека бројот на по чинати може да достигне и сто илјади.
Кај нас ситуацијата е топло-ладно. Завчера имаше мало стишување, за вчера министерот Филипче да извести за 44 новозаразени. Денес бројот е повторно помал. Пикот во Македонија се очекува исто така кон крајот на овој месец.
Во нашето соседство, состојбата е слична како кај нас. Во србија има 1060 заразени, Хрватска 960, Босна 457 и.т.н.
На конференцијата за новинари која се одржа пред неколку дена во Србија, доцент д-р Ивана Милошевиќ, заменик на директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести КЦС, одговараше на новинарски прашања, а едно од нив беше следното:
“Што да прават луѓето кои имаат малку покачена температура и болка во грлото, односно, симптоми кои може, а не мора, да укажуваат на корона вирусот?”;
“Што да прават пациентите кои ги гребе грло и имаат температура 37,5?”.
“Она што потенцијалните пациенти треба да го направат, е пред сè да се јават кај својот матичен лекар. Не смееме да заборавиме дека Здравствените домови со одредени здравствени пунктови се вклучени во дијагностика на овие болни и дека тоа е првото место каде што треба да се јават пациентите.
Тука, после клиничкиот преглед ќе се процени дали треба да се направат биохемиски анализи и снимка на белите дробови, а тие кои се хоспитализирани, ќе бидат упатени на Инфективна клиника.
Пациентите за кои вие прашувате треба да му се јават на својот лекар од општа пракса, бидејќи во таков случај нема индикација за хоспитализација, се враќаат дома и ќе бидат под контрола на надлежниот епидемиолог”- рече д-р Ивана Милошевиќ.