Жаре Бербер: Страв ми е ,,пластичниов” снег што падна денес да не остане до август

0

Некои луѓе навистина изненадуваат со желбата да веруваат во разни теории на заговор. Така е за 5Г, така е за трагите од авиони на небото, за вакцините, за корона вирусот и што ли уште не.

Но се чини кулминација на овие небулози кои се пласираат по социјалните мрежи се случи денес, кога некој лик има поставено видео на кое држи грутка снег и пробува со упаљач да ја запали. Значи се обидува да го запали снегот, или идејата му била да го стопи, како и да е.

Тој констатира дека снегот не се топи како што се топел порано, односно дека снегот е пластичен!! Како пак пластиката да не се топи…

Кога малку пребаравме по социјалните мрежи, наидовме на повеќемина кои се обидуваат да го запалат снегот. На фотографиите кои ги извадивме, тоа е некоја госпоѓа. Секако, идејата е иста. Снегот е пластичен!

Нашиот познат пејач и ТВ водител, на својот профил на социјалните мрежи, направи мала пародија и зафрканција со ,,пластичниов” снег:

,,Ме воодушеви денес што ги гледам на Фејсбук овие што се “стручни “ за хидрометеорологија и што открија дека снегот што врне бил пластичен.

Мислам дека е време да се кандидираат директно за членови на МАНУ затоа што стварно е достигнат врвот на човековата “интелигенција” и сметам дека не треба да се испуштат луѓето туку така од рака, да помогнат на општеството во откривањето и на други природни феномени кои еве науката не успеала со векови да ги открие…..

Ме фаќа страв ако е пластичен и не се топи да не остане со години, а и Цаца може да ја зае*бе пак работата да отиде на скијање во Август.

П.С Посебно ме воодушевија сите оние кои го палеа снегот со запалка и не го запалија.

Така да ова е точка ни помалку ни повеќа за “Britain’s got talent” и така сме немале претставник од Македонија.”

Претходна статијаДоктор Ивана: Што да правите ако имате температура од 37,5 и ве гребе грлото
Следна статијаДоктор Белојевиќ: Свртете се и бегајте, еве што е најопасното во епидемијата на корона вирусот