Доктор Белојевиќ: Свртете се и бегајте, еве што е најопасното во епидемијата на корона вирусот

0

Популарниот доктор Белојевиќ Горан вели дека во овие времиња треба да заборавиме на гушкање, на поздравување, на бакнување… А на прашањето што може да ни помогне доколку немаме при себе маска, докторот вели дека може да земеме било каква крпа и во неа да се искашламе.

Може тоа да биде некоја платнена крпа која после едно носење мора да се изврие. Доколку кивнете или во неа се искашлате, тогаш таа е контаминирана, фрлете ја – вели овој доктор.

Говорејќи за ширењето на овој вирус, тој напомена дека штом некој човек во ваша близина кивне, вие треба веднаш да се свртите на другата страна.

“Вирусот лета низ воздухот, тоа е вистински ураган од вируси, па затоа треба да се свртиме и буквално да избегаме од местото каде што човекот кивнал.

Сега не е време за градски превоз, бидејќи лесно може заразата да се пренесе на многу луѓе. Мора да се движиме на некој друг начин, да одиме пешки, со автомобил или да бидеме на отворено колку е можно повеќе.”- вели докторот.

Покрај другото, докторот се осврна и на темата за средствата за дезинфекција, па наведе дека повидон јодот и алкохолот се најдобри и дека е добро да се чисти со нив колку е можно повеќе.

Тој напоменува дека најкритичните места се носот и устата: “Кога ги чистиме површините, телефонот и слично, правиме еден вид на санитација, односно делумно ги уништуваме вирусите.

Важна е постапката за заштита, бидејќи многу е важно колку повеќе вируси да уништиме. Овој момент е клучен затоа што од количеството на вируси со кои ќе се заразиме, зависи и одбраната на нашиот организам и дали ќе се разболиме.”

Претходна статијаЖаре Бербер: Страв ми е ,,пластичниов” снег што падна денес да не остане до август
Следна статија(ВИДЕО) Михаела од Скопје ја напушти Инфективна излечена од Корона, па запеа