Бојко Борисов повторно со лекција за богатите газди во Бугарија кои сакаат да бркат работници

0

Бројот на потврдени случаи со Ковид-19 во Бугарија порасна на 675 откако денес се пријавени шест нови случаи.

Четири нови случаи се пријавени во софиската област и два во областа на Стара Загора, соопшти денеска бугарското Министерство за здравство.

Хоспитализирани се вкупно 230 пациенти од кои 36 на интензивна нега.Носењето заштитни маски во Бугарија ќе биде задолжително до 26 април, пренесува агенцијата Новините.

Министерот за здравство на Бугарија, Кирил Ананиев издал наредба сите лица да мора да носат заштитна маска на јавни места, но и во затворено. Мерката важи до 26 април.

„Сите граѓани, во затворен простор или на јавни места, вклучително и јавниот превоз, додека купуваат, во парковите, црквите, манастирите, храмовите, салите, на улиците, мораат да носат маска на лицето или со нешто друго да го покријат носот и устата“, изјави Ананиев.

Тоа неодамна го објави премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, кој му наложил на Ананиев да ја воведе мерката.

Тој изразил загриженост бидејќи ниската стапка на морталитет и морбидитет за време на епидемијата во Бугарија, во однос на другите земји, им дава на луѓето огромно чувство на безбедност. Борисов повторно ги повика сите граѓани да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на епидемијата.

Бидејќи многу пати ме прозваа дека сум навредил некого, сакам само да потенцирам во сиромашна Бугарија какви автомобили има. Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, откако ја објави листата со бројки и луксузни модели кои ги возат бугарските бизнисмени.

Во Бугарија има три Бугати како на Роналдо, има 241 автомобил Бентли, 123 Ферари, 53 автомобили Мајбах, 22 Мекларен, 87 Ламборџини, 311 Масерати. А Ролс-Ројсови има 84… јас не знам, но сигурно сме први во Европа. Хамери -280, Јагуари околу 4.000, Поршеа околу 5.000, ги нареди бугарскиот премиер.

Па, како што реков, ако некој бизнисмен можеше да ги задоволи вработените, тие можеа да намалат од 80 „ролс-ројса“ на 40.

Сакам само да ги заштитам работниците – рече премиерот и ги повика бизнисмените да ги продаваат своите скапи автомобили за да ги сочуваат своите вработени во време на кризата, што тешко го погоди бизнисот – пренесува бугарскиот портал Факти.

Претходна статијаФилипче денес информираше за помал број заразени, а се промовираше и апликацијата ,,Стоп Корона”
Следна статијаПредраг Џелевски е првиот излекуван од Корона кој донираше крвна плазма во соседна Србија