(ВИДЕО) Цеца се поднови со нов автомобил – а од цената колку чини ќе ви се сврти во глава

0

Познатат бакански фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ неодамна се почести со нов автомобил, а сега беше снимена за прв пат како се вози во него низ Белград.

Сега Цеца е сопственик на најновиот модел на БМВ кој го додаде во својата автомобилска флота, чија цена изнесува над 140.000 евра. Она што е интересно е дека досега има само три вакви автомобили во Србија, од кои едниот однеодамна е нејзин.

Пејачката избрала модел во бела боја, а екипата на шоуто „Папарацо лов“ ја „улови“ додека се возеше со своето ново „милениче“.

Цеца беше во друштво на својот фризер, облечена во кежуал комбинација од бела облека. Откако посетиле еден познат фризерски салон, фолк sвездата се вратила во нејзиниот дом на Дедиње.

Ќерката на пејачката Цеца Ражнатовиќ, Анастасија иако се уште нема положено возачки испит од својата мајка доби скапоцен подарок.

Имено таа доби црвен џип од марката „Ренџ Ровер“ промовирајќи го во една емисија каде открива дека едвај чека да го положи возачкиот испит.

-Учам за возачката, наскоро имам теоретски испит. Ова е мој автомобил ми го купи мајка ми како мотивација, но имав многу обврски околу албумот, па никако не можев да положам за возачка. Се надевам дека ќе го завршам сето тоа во 2020 година, вели Анастасија

Таа открива дека нема проблем да се вози со такси.

-Често одам со такси, бидејќи ние сме многу во домот, а возачот не може да постигне да не однесе сите. Мене тоа не ми е важно, важно ми е само да стигнам, но штом одам, тоа навистина не е важно, признава таа.

Нејзиниот брат Вељко инаку мисли дека таа ќе биде очаен возач.

-Брат ми стално ми вели дека ќе бидам најужасниот возач на светот бидејќи немам никаква координација, но мислам дека добро ќе се снајдам, вели таа

Претходна статија(ФОТО) Доктор Ненад сподели фотографија и порача: Со вакво однесување за 2 недели ќе бидеме бетер од Италија
Следна статија(ВИДЕО) Кинеските лекари радосно ги тргаат маските – се затвораат привремените болници