Поранешната сопруга на Игор Џамбазов: Сигурна сум дека него му ја полнеле главата со мене

0

По кратка пауза од телевизијата, водителката Искра Канзурова се врати на малите екрани во емисијата „Добар ден, секој ден“, на ТВ Алфа.

Неодамна во интервју за „Свет“ Искра, денес сопруга и мајка на две дечиња, на прашањето во какви односи е со својот поранешен сопруг Игор Џамбазов, кажа дека со него нема никаков контакт.

Нормално дека тој беше дел од мојот живот и ќе остане дел од него, јас не бегам од тоа. Нашиот развод не беше некултурен и нецивилизиран, едноставно беше нешто што на двајцата ни стана јасно дека ќе се случи. После нашиот развод ако за нешто сум му благодарна е тоа што немам лоши зборови чуено од него за мене, но ни тој од мене за него.

Сепак бевме доста позната двојка и обично познатите двојки успеваат да подлегнат на озборувањата на публиката.Сигурна сум дека него му ја полнеле главата со мене, на мене ми ја полнеа главата со лоши работи за него. Но ние си останавме коректни еден кон друг.

И никогаш во јавност не сме изнеле нешто за другиот што тој не би сакал да се знае. Игор се си кажува сам во своите книги, во своите интервјуа, јас никогаш немам ниту дополнето ниту негирано нешто од тоа, за тоа сум му многу благодарна, вели Искра.

По три години пауза, Искра Канзурова поворно се врати на телевизија, во емисијата „Добар ден, секој ден“, на Алфа телевизија. Шармантната водителка која има долгогодишно Тв искуство и е препознатлива по својот специфичен смисол за хумор и начин на комуникација со соговорниците, вели дека враќањето пред камерите многу ја исполнува.

„На ТВ ми е вистинска релаксација, во убаво друштво, со убави луѓе и одлична екипа. Нова енергија и нова свежа провејува во „Алфа“. Се работи турбо. Мило ми е што имаше ребрендирање и многу нови псила роекти“, вели Искра која емисијата ја води со колешките Ирена Спировска, Анкица Стојановска-Митровска и Ивана Илиевска, секој ден од 12 до 16 часот. И претходниот нејзин Тв проект, „Семеен магазин“ беше на истата фреквенција.

Претходна статијаИна Многуфина и се ,,згна” на Елена Лука: Парите не можат мозок да ти купат сељандуро
Следна статија(ФОТО) И Охрид има инфективно оделение, ама какво: Изградено во 1950 година и не допрено од тогаш