Научниците, епидемиолозите, лекарите од целиот свет се обидуваат да го дешифрираат новиот вирус. Има многу непознати во врска со Корона, од тоа како се пренесува, до тоа кои, веќе постоечки лекови се делотворни, а кои предизвикуваат несакани реакции.
Напоредно со сето ова, се развива и новата вакцина, која најрано до крајот на оваа, или почетокот на следната година би ги поминала клиничките испитувања.
Засега, единствените напори кои ги прават здравствените власти во сите држави се да се намали колку што може пикот, за да не се преоптеретат здравствените системи, како што тоа се случи во Италија.
Главните препораки се да се седи дома, односно да се излегува единствено кога за тоа е неопходно, за да се набат основните намирни за живот. Дилемите меѓу народот се дали е во ред да е сè затворено, а тие сеуште да одат на работа, бидејќи токму на работните места, каде што циркулираат голем број луѓе, можноста за зараза е и најголема.
Исто така, апелите се да се обезбедат маски за сите, државата да ги дели бесплатно и сите да ги носат. Но епидемиолозите предупредуваат на нешто друго! Имено, граѓаните веќе станаа многу свесни и информирани околу тоа како вирусот се пренесува од човек на човек.
Доколку некој ти се искашла во лице, доколку седиш во иста просторија на помалку од два метри со некој што е заразен, повеќе од дваесет минути и.т.н. Но сега се апелира и за нешто друго, на кое што ретко кој обрнува внимание.
Кога одиме во самопослуга и пазариме, производите ги носиме дома и ги ставаме во фрижидер или во плакарите предвидени за тоа. Потоа, миеме раце и се чувствуваме целосно епидемиолошки безбедни. Но не е така.
Размислете само колкумина пред нас, тие исти производи кои ние сме ги зеле од рафтовите, ги имаат фатено, допрено и вратено назад. Вирусот на површините останува од неколку часа, до неколку денови.
Најновите неформални препораки се да се дезинфицираат и амбалажите од артиклите кои сме ги купиле, бидејќи голем број заразен луѓе се токму поради овие причини. Седнат на маса за ручек, си отвора да речеме леб, кој е убаво спакован, но однадвор бил во контакт со заразен или преносител на Корона.
Значи, се допираат контамираните амбалажи и потоа со истите неизмиени раце јадеме, се допираме по лице, по очи, нешто епидемиолозите го посочуваат како најголем проблем.
Исто така, препораките се дека треба да се дезинфицираат и обувките, со кои фазиме дома а претходно сме оделе надвор, но и јакните и пантолоните кои би требало барем да се проветрат.
П.П.
Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.