Никола Димитров со итен повик до македонските граѓани кои во моментов се во странство

0

Министерот за Надворшен работи, Никола Димитров се огласи пред неколку моменти со итен повик за македонски граѓани кои во моментов се во странство

Почитувани македонски граѓани кои во моментов сте во странство, посебно вие кои немате регулиран престој и поради вонредно тешките околности насекаде, откажани летови и затворени граници, немате начин како да се вратите дома, во татковината.

Се обидуваме да најдеме правилен начин да ви помогнеме да се вратите, но секој сериозен напор, претпоставува точни информации.

На пример, има наводни информации за 150 граѓани затекнати во Барселона, додека во овој момент во Амбасадата на Северна Македонија во Мадрид има само 16 пријавени.

Затоа, ве замолувам ажурно да се пријавите во дипломатско-конзуларните претставништва во земјата каде сте затекнати, или во најблиското ДКП доколку таму немаме мисија. Емаил адресите на ДКПта се достапни на сајтот на МНР тука https://mfa.gov.mk/ (ако го отворате на мобилен телефон видете подолу на сајтот).

Потребни податоци:

– име и презиме, број на патна исправа, контакт телефон, земја и град каде се наоѓате, дали имате регулиран престој во било која странска држава

Бидејќи ќе правиме пресек на состојбата за 24 часа, ве замолувам тоа да го сторите до 17 часот, четврток 19 март.

Ќе направиме се’ што можеме, водејќи сметка И за државниот интерес да се грижиме за македонските државјани затекнати во тешка ситуација во странство И за државниот интерес да се чува здравјето на нацијата дома.

Министерство за надворешни работи

Претходна статијаВладата на САД ќе им праќа пари на граѓаните кои во моментов не работат
Следна статијаНе е ни кашлање ни кивање – ова е најчестиот начин на зараза со Корона вирус