Секогаш се потребни заштитните маски, особено сега, по прогласувањето на пандемијата. Откако се појави новиот коронавирус, граѓаните почнаа масовно да купуваат заштитни маски, па набрзо во голем број држави ги снема од полиците во аптеките.
Онаму каде ги има, честопати може да се забележи дека се продаваат повеќекратно поскапи од пред почетокот на епидемијата.
Најголемиот дел од европските држави не произведуваат заштитни маски, туку ги увезуваат од Кина.
Меѓутоа, по избивањето на епидемијата, Кина веќе не ги извезува. Всушност, околу 50% од светското производство на медицински маски е токму во Кина, која уште на почетокот на заразата почна да купува маски на светскиот пазар.
Поради тоа, останатите произведувачи престанаа да извезуваат, создавајќи залихи за своите домашни пазари.
Секојдневно се соочуваме со недостиг на средства за заштита, како што се заштитните маски и дезинфекционите средства.
Постои еден начин на кој можете во домошна услови сами да си направите заштитна маска, која може да ве заштити од вируси, но не и од загаден воздух. Но, во време на пандемија од корона вирус, токму ваквите маски ни се потребни.
За да ја подготвите оваа маска потребни се хигиенски, еластични марамчиња, најдобро алкохолни и еден пар ножици.
Марамчето треба да биде со правоаголна форма и доволно растегливо за да може да се растегне од едно до друго уво.
Марамчето преклопете го на половина, а потоа краевите превиткајте ги на околу 1,5 см. Со ножиците направете тенок засек за ушите.
Потоа направете две вакви маски за добра заштита од вируси. Најдобро е вака приготвените марамчиња да ги оставите да се исушат пред да ги употребите како маски.
Публикувахте от Emine Ercan в Сряда, 11 март 2020 г.