Претседателот Стево вечерва донесе голема одлука и ја сподели со јавноста

0

Претседателот на државата и воедно врховен командат на армијата, Стево Пендаровски се огласи:

Донесов одлука за ангажирање на Армијата на Република Северна Македонија за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и поддршка на полициските сили на МВР во обезбедување на дел од државната граница со Република Албанија на територијата на општина Дебар.

Одлуката е донесена во функција на спречување на ширењето на Корона вирусот #COVID19 и отстранување на последиците од епидемијата, по прогласувањето кризна состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа.

Единиците на Армијата ќе ги координираат своите активности и ќе соработуваат со локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа, полицијата, Центарот за управување со кризи и останатите институции на државата вклучени во справувањето со кризната состојба.

Донесов одлука за ангажирање на Армијата на Република Северна Македонија за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и…

Публикувахте от Stevo Pendarovski в Петък, 13 март 2020 г.

Една од одлуките на денешната владина 18-та седница е Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да почне со подготовка на акциски план за превенција и справување со настанатата ситуација на подрачјата на општините, со целосен преглед на расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план на координирано дејствување во кризните подрачја.

Владата ги задолжи министерствата за здравство, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за надворешни работи, Армијата на Република Северна Македонија, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување со сите останати засегнати државни институции да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со настанатата состојба, како и да номинираат членови на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи.

Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД се задолжени да извршат координирани вонредни инспекциски надзори на сите економски оператори кои продаваат средства за заштита од Коронавирусот, согласно мерките, препораки и насоките на Владата.

Претходна статијаНаправете заштитна маска против вируси за помалку од 5 секунди
Следна статијаШто опфаќаат мерките за Вонредната состојба која ја воведе Трамп