На Македонци им бил организиран лет но неќеле да се качат кога им било кажано деке им следи карантин

0

Државјани на Мaкедонија во екот на пандемијата од COVID-19 заглавени во Истанбул одбиле да се качат на организиран лет откако им било кажано дека во земјава 15 дена ќе треба да поминат во карантин.

Околу ова скандалозно однесување извести министерот за надворешни Никола Димитров. Летот бил организиран во договор со Црна Гора.

Околу 2300 македонски граѓани низ светот досега ги исконтактирале нашите амбасади и конзулати дека сакаат да се вратат во земјава. Ако прифатат да бидат сместени во државен карантин, до утре попладне ќе се знае точната бројка и со хуманитарни летови ќе се вратат во земјава. За оваа намена ќе се користат државни објекти и хотели.

Освен повратниците, во државен карантин ќе одат и сите што бегаат од самоизолација. Но прекршителите на мерките освен казните, ќе си ги платат и трошоците за времето поминато во карантин.

Дел од мерките кои ќе ги преземе владата синоќа во Само Интервју на Канал 5 откри и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Над 40 лица во земјава се казнети зашто не ја почитувале обврската за самоизолација. Најмалата казна е 1000 евра, повеќето се по 4000, додека докторот од Кавадарци е казнет со 4500 евра кој наместо да остане во изолација по враќањето на ќерката од Италија, продолжил да оди на работа.

Полицијата приведе и четворица газди на продавници и угостителски објекти во Скопје и Дебар бидејќи спротивно на забраните служеле пијалоци.

Претходна статијаАцо Кабранов: Дали техничката Влада функционира како раштиман оркестар
Следна статијаПознатиот германски фудбалер кој игра во Русија вели: Русите кријат за заболените од Корона