На 21 година го напуштила факултетот, па изградила милионски бизнис

0

Младата Рејчел Лим има повеќе од очигледен успех . На само 21 година решила да го напушти факултетот и својата секундарна работа ја претворила во повеќемилионски бизнис благодарение на парите позајмени од мајка ѝ.

-Тогаш не бевме во добра финансиска ситуација и баш поради тоа знаев дека морам да успеам, бидејќи не смеев да ја изневерам мајка ми-зборува Лим.

Таа е коосновач на меѓународниот женски бренд за облека, Love, Bonito.И покрај тоа што остварила неверојатен успех и ако ги напуштила студиите, Лим ваков бизнис пат не им препорачува на потенцијалните претприемачи.

На бројните студенти кои ја прашуваат дали треба да го напуштат факултетот за да основаат компанија секогаш им одговара со – НЕ.

-Она што луѓето не го гледаат е дека подолго време расправавме за тоа пред да се осудиме на ваков чекор-вели сингапурската претприемачка, која првично го основала Love, Bonito како моден блог со пријатели.

Всушност, темелот на бизнисот го граделе неколку години пред да влезат во претприемачките води. Од продажба на работи кои веќе не ги носеле, до увоз на облека од странство, па дури и дизајнирање на сопствени парчиња облека.

-Во тие три, четири години доста научивме за оваа индустрија. Што му недостасува на пазарот, ако би можеле да влеземе, како да ги исполниме тие потреби“, рекла Лим, која стои зад Love, Bonito како прв моден бренд за „модерни азиски жени“.

Конечно, во 2009 година ги напуштила студиите и целосно му се посветила на модниот бизнис и не зажалила, како вели избрала вистински момент за голем залак.

-Знаев дека железото се кове додека е жешко-вели Лим.

Претходна статијаВанковска во ВМРО-ДПМНЕ не гледала победничка опција – откри за која партија ќе гласа?
Следна статијаНејзин фан и укажа на Каракамишева дека и таа била во Италија – му одговори да не биде глуп