Јохан Елзесер со резиме за сите нелогичности во вонредната состојба

0

Статус на Јохан Елзесер: ,,На крај на денот едно резиме од уредбите на владата што ни ја води нашава Македонија во време на Вонредна состојба:

1. Полициски час од 21:00 до 06:00 часот во време кога со уредба на владата не работат ресторани и други угостителски објекти. Пак ќе се збираат по станови и викендици а зошто да не.

2. Стануваме и одиме пеш до Автобуска станица, чекаме автобус, деветиот автобус застанува бидејки претходните 8 беа полни со точно 15 луѓе колку што собира во автобусот бидејки сите се на растојание од два метри, влегуваме тројца, бидејки за другите 20 нема место, а сите ми викаат седи дома бидејки за здравјето се работи и ќе си го спасиме народот и државата.

Доцнам на работа… Казна 10%

3. Некој во автобус ми кажа дека СУДИИТЕ не одат на работа, седат дома бидејки за нивното здравје се работи за да си го спасат газот од короната, а за народот и државата видовме што направија.

4. На пауза на работа негде кај 11:00 часот, гледаме надвор народ се шета, возат велосипеди, на фејсбук слики од крстот на Водно. а викаат седи дома бидејки за здравјето се работи и ќе си го спасиме народот и државата.

5. Ми се јави братучетка ми од Кавадарци, вика брат секој ден, во три смени, околу 5000 работници од 6 различни градови (Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Прилеп, Свети Николе, Велес) и нивните околни села, во полни автобуси патуваат до фабриката.

Овие луѓе си одат дома, кај фамилиите. Нивните деца не седат дома, нели, млади се, си шетаат ама седат дома бидејки за здравјето се работи и ќе си го спасиме народот и државата.

6. Се враќам од работа и пак пеш до Автобуска станица, чекаме автобус, деветиот автобус застанува бидејки претходните 8 беа полни со точно 15 луѓе колку што собира во автобусот бидејки сите се на растојание од два метри, влегуваме тројца, бидејки за другите 20 нема место, а сите ми викаат седи дома бидејки за здравјето се работи и ќе си го спасиме народот и државата.

7. Се прибрав во 18:00 часот, отидов до аптека, аналгин да купам, редица, секој на два метра. Кај 19:00 отидов до Маркет Пиле да земам Ориз тава да направам за утре. Редица, секој на два метра, дома дојдов во 20:00 почнав ручек да спремам за утре…

Па ми текна дека заборавив да ручам, децата не ги ни видов, за татко мајка муабет да не правам, ама си седам дома бидејки за здравјето се работи и ќе си го спасиме народот и државата.

Дали јас тоа одам на работа во автобус, бидејки за здравјето на СУДИИТЕ и ВЛАДАТА се работи, и не седам дома, со што ќе си го спасам народот и државата и колку дебили има како мене?

Претходна статијаПознатиот германски фудбалер кој игра во Русија вели: Русите кријат за заболените од Корона
Следна статијаДоналд Трамп: Комбинацијата од овие два лека имаат шанса да ја сменат историјата