Фросина од Скопје: Се ближи денот на кич парадата на женичките што се палат на екибани и попусти у спа центри

0

Статус на Фросина Ѓорѓиовска:

Се ближи денот на кич парадата на женичките што се палат на каранфили и екибани, попусти у спа центри, Ане нокти еФтино ќе извади ултра модерен дизајн на шпиц трендовските нокти, фризерски салон Пале ќе ја прегрее хубата од трајни, натапирани фризури, ќе го рикне фенот од фенирање навнатре и нанадвор.

Мажите ќе им дадат излез на жените до покасно, мажените ќе денсаат на All the single ladys пред шефицата која ќе глуми аристократија, со тоа што ќе биде озбилна и нема да денса.

Менаџерката ќе превртува очи на највеселата, а воедно и најобразованата од нив таму – хигиеничарката, која има речник на која може да и позавидат и најдобрите оратори, па овие од врвот на хиерархиската вертикала ќе се нанервираат дека е попаметна од нив и ќе ја хејтаат зад грб.

Келнерите ќе доживеат нервен слом бидејќи жени што искачаат 2 пати годишно не ни знаат што да нарачаат, а моштите на Клара Цеткин и Роза Луксембург ќе се превртуваат у гроб и ќе си велат за ова ли се боревме, бидејќи ни една од овие погоре не знае што уствари слави и зошто. И не ги ни интересира.

Убаво им е така да си останат глупи, неинформирани за ништо. Каква Роза, каква Клара, Стојанке, дај го ордеверот понавака.”

Претходна статијаВанковска: Македонија е федерација ама нема кој да ѝ каже
Следна статијаВучиќ: Србија нема да биде паркинг за мигранти – границата со Македонија ќе ја затвориме херметички