Фотографирајте се и снимајте се по дома – Град Скопје дава по 100 евра

Од Град Скопје информираат дека со цел граѓаните да останат дома поради пандемијата со Корона вирус, се воведува наградна игра.

Избираме најдобра фотографија на тема #СкопјеДома секој ден и доделуваме награди за најкреативните од вас!

Испратете ни автентична фотографија/видео/гиф од вашиот дом како го поминувате времето поминато во изолација сами, со вашето семејство или милениците, а Град Скопје ќе ги избира најдобрите секој ден и ќе им доделува награди во висина до 100 евра.

Помогнете им на здравствените работници! Останете дома за да го спречите ширењето на Корона вирусот и учествувајте во конкурсот секој ден!

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека во моментот вкупната бројка на заболени во земјата изнесува 35 лица. Сите 4 новодијагностицирани пациенти се со лесна клиничка слика. Стабилна е состојбата на сите пациенти на Клиниката за инфективни болести и на пациентите во Дебар, а стабилна е и на пациентката која е на респираторна машина, односно нема знаци за влошување на нејзината состојба.

Доцна синоќа се изработија резултати на уште 4 пациенти кои беа во врска со онаа група од вчерашниот ден, последно дијагностицирана, а врз основа на епидемиолошките анкети и податоците со кои тие луѓе комуницирале. Во овој момент се прават анализи на уште 30 лица од кои едно од Куманово, две од Скопје и останатите 27 се граѓани на Дебар и околината. Станува збор за лица кои немаат симтоми, но е можно да биле во контакт со некој од заболените. Тоа значи дека скринингот добро се спроведува, разговаравме и со нашиот инфектолог, професорот од Скопје, локалните инфектолози и епидемиологот, кои имаат направено една шема, алгоритам – по кој постапуваат.

Авионот кој синоќа слета од Брисел, беше поставена индикација за тестирање на 12 лица согласно податоците кои тие ги дале. Сите тестови се негативни и сите патници од авионот се пуштени дома во задолжителна самоизолација, согласно препораките.

Вчера преку Деве Баир стигна и група од 10 луѓе, тие се сместени во Пепелиште и во текот на вечерта и утрово се прегледани од епидемиолог и согласно одлуката заради тоа што е можно да пристигнат и повеќе лица, тие ќе бидат префрлени во Заводот во Демир Капија. Имаше реакции дека таму условите не се соодветни и затоа преземавме мерки за нивно префрлање и се надевам дека ќе имаат разбирање за ова со оглед на важноста за индикација на оваа мерка.

Залихите на крв и крвни деривати се сосем доволни, направена е анализа во текот на денот и има идентична количина како што имало и истиот овој период минатата година. Сите итни интервенции и онколошки интеревенции и онколошки интервенции, се извршуваат со вообичаеното темпо, рутина и индикација.