Д-р Буриони не го послушаа кога предупредуваше: “Ние направивме голема грешка, не ја повторувајте!”

0

Роберто Буриони е еден од првите италијански научници кои алармираа поради епидемијата со коронавирусот, но на напочетокот не го послушуваа.

Сега цела Европа ја предупредува да не ја прави истата грешка. Според него, попусто е ако една држава успешно се справи со епидемијата, а некоја соседна држава до неа дозволи ширење на вирусот. Тоа не може да трае до недоглед и вирусот на крајот ќе биде победник.

“Не ја потценувајте опасноста. Италија тоа го правеше цела недела, некои го нарекуваа “обичен грип”, еден непромислен лекар рече дека “секое чудо за три дена ќе поминело”! – вели Буриони.

“Потребни ни се единство и заеднички пристап!” – додава тој. Буриони (57), професор по микробиологија на миланскиот Универзитет San Raffaele, е најпознатиот италијански виролог.

“За жал, уште од времето на Јулие Цезар луѓето веруваат во она што тие сакаат да се случи” – вели тој и алудира на луѓето кои не сакаат да и погледнат на вистината во очи.

Откако Шпанија, Франција и Австрија тргнаа по примерот на Италија со воведување на драконски мерки за ограничување на движењето, Буриони тврди дека цела Европа мора да го стори истото.

“Потребни ни се единство и заеднички пристап. Во спротивно, која е смислата на Европската унија?” – вели докторот.

“Една земја може со драконски мерки да го сузбие вирусот, а потоа повторно да се зарази од некоја соседна држава која тоа не го сторила” – вели Буриони и додава дека во цела Европа е потребно да се вложат максимални напори.

Исто така, тој вели да не се надеваме премногу дека вирусот ќе помине со доаѓањето на топлото време. Едноставно, немаат доволно податоци за новиот вирус.

Буриони се согласува со изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел според која, коронавирусот би можел да зарази 60-70% од популацијата. “Треба да знаете дека ова е нов вирус за кој нема имунитет” – нагласува лекарот.

Изненаден е многу од британската одлука да го остави вирусот слободно да се движи низ популацијата и да ги штити само најранливите.

“Тоа ми е несфатливо. Да се говори за “колективен имунитет” во време кога не постои вакцина за истиот и кога не знаеме дали заразените откако ќе оздрават ќе стекнат имунитет…тоа е несфатливо.

А што е со очекувањата дека топлото време ќе помогне во сузбивањето на епидемијата? – немојте да се потпирате премногу на тоа. За тоа едноставно ништо не знаеме! – одговара Буриони.

Минатиот месец тој на својот Твитер профил објавуваше фотографии од луѓе кои се дружат на плажите и во трговските центри игнорирајќи ги предупредувањата за ризикот од ширење на Ковид 19.

“Сега конечно се разбудија, но за тоа им беше потребен нередот во кој сега се наоѓаме. Не знам кога ќе биде подобра состојбата.”

Во Италија сега сè е затворено, а на луѓето им е речено да не излегуваат од дома. “Не знаеме кога ќе имаме подобрување на состојбата. Ситуацијата сè уште се развива.

Правиме сè што може да се направи и се надеваме дека за некој ден ќе ги видиме резултатите.” Вели Буриони.

Нагласува дека потребно е сите да се придржуваат на пропишаните ограничувања, а понекогаш е потребно и повеќе од тоа. “Одење на трчање на пример, не е строго забрането, но сега за тоа навистина нема потреба”.

А како тој се однесува? “Ако видам некој спроти мене, преминувам на другата страна од улицата. Држам растојание од два метри од останатите и не користам јавен превоз.”

Претходна статијаПендаровски прогласи вонредна состојба – соопшти и што со оние кои ќе се вратат од дијаспората
Следна статијаФотографирајте се и снимајте се по дома – Град Скопје дава по 100 евра