(ВИДЕО) Бојко Борисов се прекрсти и побара помош од Господ

0

Премиерот на соседна Бугарија, Бојко Борисов денес истакна дека ќе запре извозот за Германија од бугарскиот завод во Враца за заштитна облека.

Ова се прави за да прво се изработата доволно залихи кои се неопходни за Бугарија. Се очекува првите 100 бројки на заштитна облека да бидат поделени во болниците во државата.

Борисов при денешната посета на фабриката при својата изјава се прекрсти и погледна кон небото и побара помош од Господ.

Посещение на фабриката на фирма „Аполо“ във Враца, където се произвеждат защитни облекла за медицинските работници. Тук работят 350 души, които може да произвеждат по 1000 облекла на ден. Днес ще бъдат готови 200-300 бройки, които веднага ще бъдат разпратени из страната. Останалите 1600 ще бъдат произведени до утре.

Публикувахте от Бойко Борисов в Вторник, 17 март 2020 г.

(овој момент се наоѓа на видеото на интервал на 18:50 минута)

Бугарија веќе влезе во фискален дефицит во екот на светската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус и зголемените јавни трошоци за спречување на нејзиното ширење, рече премиерот Бојко Борисов.

Бугарија ги зголеми платите на медицинските лица вклучени во лекувањето на заразените пациенти за 1.000 лева или 563 долари месечно и најави 500 милиони давачки за поддршка на засегнатите компании за услужни заеми.

Само во вторникот, потврдените случаи во земјата скокнаа за 30% на 81, а земјата го запечати ски-центарот на Банско. Борисов ги отфрли, како што ги нарече, популистичките повици за даночни олеснувања и замрзнување на плаќањата на сметките за електрична енергија и вода.

Бугарската Влада ќе додели по 1.000 лева (500 евра) месечно дополнителен надоместок за сите медицински лица кои се борат против коронавирусот во Бугарија во моментов. Тоа го најави премиерот Бојко Борисов по вонредната средба со претседателот Румен Радев и шефот на Националниот оперативен штаб, генерал-мајор Венцислав Мутафчијски.

– Најитно е да можеме да ги заштитиме лекарите, медицинските сестри, лаборантите, болничарите. Разговаравме и денеска или утре ќе објавиме по 1.000 лева по медицинско лице”, најави премиерот.

Тој прецизираше дека Владата треба да постапи со претпазливост за следните мерки и дека државните резерви во моментот многу внимателно се следат.

Претходна статијаФотографирајте се и снимајте се по дома – Град Скопје дава по 100 евра
Следна статијаВенко Филипче објасни што значи вонредна состојба