(ВИДЕО) Се огласи пилотот на сред лет: Драг патнику од седиште 29 – твојата жена е бремена

0

Моментот кога се дознава дека жената е бремена, најчесто претставува еден од најзначајните мигови во животот за многумина. Освен, во некои ситуации кога таа бременост не била посакувана, но дури и тогаш предизвикува емоции.

Раѓањето нов живот е најпрекрасната работа која се случува како резултат на љубовта меѓу сопружниците, брачните другари, партнери во врска.

Досега бевме сведоци на наразлични видеа во кои на уште поразлични локации се предложуваше брак. Најчесто во овие сценарија беа вклучувани роднини и пријатели, за чинот да биде што по свечен, а изненадувањето да биде што повпечатливо.

Па така, запросувања се случуваа на кровови од згради, скапи монденски летувалишта, пустина, па дури и под вода. Сето ова овековечено со фотографии и снимки. Последно такво сценарио на социјалните мрежи е она во кое учествува познатиот турски готвач, многу попознат под псев донимот Салт Бае.

И додека при запросувањата, главната улога на организатор на настанот е мажот, а жената е таа која треба да биде изненадена, деновиве гледаме едно сценарио во обратна насока. А како би можело да биде поинаку, кога жената прва ја дознава оваа радосна вест.

По одмор во Лас Вегас, млад брачен пар се враќаат од патувањето. Меѓутоа, изгледа дека не е вистинска онаа поговорка „Што се случува во Вегас, останува во Вегас“.

Со намера да ја покаже својата креативност сопругата одлучува веста за проширување на семејството да ја соопшти пилотот.

Изнесувањето на интимни работи пред луѓе не е секогаш пријатно. Тоа го доловува и ликот на сопругот кога ќе ја слушне веста. Бремената жена сигурно очекувала друга реакција.

Тој најпрвин збунето гледа во седиштето пред себе, но кога ќе го слушне бројот од своето седиште, срамежливо се врти кон сопругата, во неверување дека се однесува на него она што пилотот го соопштува.

Потоа, тој не може да ги задржи своите солзи радосници. Впрочем, погледнете од видеото:

Претходна статијаДенес слави човекот кој спаси многумина – па да му честитаме
Следна статија(ФОТО) Татјана Стојановска објави заедничка фотографија и го покажа својот син: Ист како мама