Министерот за здравство Венко Филипче предмалку одржа прес конференција на која соопшти детали во врска со случајот на зараза на директорката на Клиниката за кожни болести од коронавирус и нејзините контакти.
Во домашна изолација се 64 здравствени работници вработени на Клиниката за кожни болести. Од 104 добар дел се здравствени работници кои присуствувале на стручното предавање и 24 пациенти, 13 кои биле хоспитализирани и 11 кои биле во дневната болница.
Во изолација е и матичниот лекар од Дебарската болница кој првично ги прегледал сопружниците кои се межу заболемите од коронавирус, изјави попладнево министерот за здравство Венко Филипче во вестите на Сител телевизија.
Посочи дека ги исконтактирале сите со кои директорката од Клиниката, која е четврти случај на заболен со коронавирус, била службено во комуникација оваа измината недела.
Во текот на викендот имало и конференција каде имало 103 лица, сите се контактирани, телефонски и дел од нив направиле интервју. И за нив има домашна изолација.
Меѓу нив имало и троја луѓе од Грција, за што се известени властите кај јужниот соеед, соопшти Филипче.
„Ова што се случи денеска навистина многу не разочара“, рече Филипче. Рече дека во првата следна можност, по изборите таа ќе биде разрешена.
Се испитуваат уште осум пациенти во меѓувреме. Еден престојувал во Бугарија со сопругата. Еден патник од Сингапур, четворица кои биле во контакт со хоспитализираните од Дебар и еден од Гевгелија.