Денес е голем празник – Една работа мора да направите за среќа

0

Денеска е Прочка! Според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“.

Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.

Она што треба да се стави на трпезата се јајца и сирење.

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение.

А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден.

Се сеќаваме на мартинките како еден мал украс кој нашите родители, тетки или баби го закачувале или, пак, врзувале на нас и сме го носеле од 1 март, па сè до крајот на месецот, а по некои други верувања таа се става и на 14 март. Мартинката претставува украс направен од коноп во црвена и во бела боја. Тие се симболот на Баба Марта, нам позната како предвесник на пролетта.

Покрај Македонија, оваа традиција, исто така, се почитува и во соседна Бугарија (мартеница) и во Романија (мартисор). Мартинката, односно црвената и белата боја, ја симболизира желбата за добро здравје и воедно ја предвестува пролетта. Во едно верување црвената боја ја симболизира крвта, а белата боја чистотата, во друга, животот и неговото заминување од овој свет, потоа доброто и злото, како и среќата и тагата во животот на еден човек.

Еден од обичаите вели дека мартинката се добива како подарок и дека таа никогаш не се купува за себе, туку се дава на своите најблиски и на пријателите. Може да се носи закачена за гардеробата или, пак, врзана околу раката или вратот.

Има повеќе верувања за нејзиното отстранување, едната е дека кога ќе расцвета првото дрво треба да се одврзе и да се закачи на него, кај нас велат дека кога ќе се здогледа првата ластовица се вади и веднаш се става под првиот бел камен, додека во Бугарија ја вадат кога ќе го здолгедаат првиот штрк и ја закачуваат на дрво замислувајќи си желба.

Претходна статијаАтиџе сподели уште една тајна: Откри што треба да јадат децата за да бидат здрави
Следна статијаСведочење за случајот синоќа во Ѓорче Петров – Жена ми им помагала и ја држела во раце една од девојките додека не се појавила брзата помош