Сведочење за случајот синоќа во Ѓорче Петров – Жена ми им помагала и ја држела во раце една од девојките додека не се појавила брзата помош

0

Синоќа во Ѓорче Петров дошло до сообраќајна незгода во која се повредени две млади девојчиња. Очевидците на социјалните мрежи раскажуваат за глетка кога моторно возило со огромна брзина удрило во луѓето кои стоеле на автобуската постројка.

Еден од сведоците преку статус на „фејсбук“, Кристиан Јандриоски сведочеше за тоа што се случило:

Пред нецел час….Ѓорче. Се забил некој тип со џип во автобуска постојка. На автобуската стоеле 2 млади девојки, и жена ми која тргна да се сретне со другарка на пијачка. Жена ми го избегнала џипот за неколку сантиметри. За жал девојките не, ги собрал.

Двете повредени лежеле на тротоар, едната потешко. Жена ми им помагала и ја држела во раце потешко повредената додека не се појавила брзата помош. Девојките се во болница, жена ми дома…со трауми.

Сакам да кажам, кој и да си ти горе ангелот кој ја чуваше жена ми, свртисе те молам накај девојките, и дај им сила да закрепнат и да се вратат дома кај најмилите.

Две ракометарки на ЖРК Вардар се повредените во страшната сообраќајна незгода која се случи во Ѓорче Петров, синоќа околу 20 часот.

Имено, станува збор за С.Ѓ и К.Д, кои живееле во скопската населба и чекале автобус на локалната постојка. Џипот загубил контрола откако патот му го попречило едно југо и удрил во девојките кои биле на постојката.

Младите ракометарки со брза помош веднаш биле пренесени во болница. Двете биле задржани, без посериозни физички повреди, имале само набиеници по телото. Се очекува во текот на денешниот ден да бидат пуштени на домашно лекување.

Претходна статијаДенес е голем празник – Една работа мора да направите за среќа
Следна статијаД-р Слаѓана Велков: Корона е најобична прехлада – секои две години не замајуваат со зики-мики свински и незнам какви грипови