Живот во ризик живеат 16 семејства од општина Пробиштип. Социјалните бараки во кои се сместени повеќе од 35 години само што не се срушиле.
Во најголем дел од становите ѕидовите се испукани, а дотраениот кров во секој момент може да им падне врз главите.
„Кога врне дожд кирамидите пропуштат многу вода и се е уништено и пропадното. Ако има појак дожд или снег може да ни пропадне врз глава, живееме во страв“ изјави Лео Стојковски
„Страшно е тука овај проблем е 35 години и ништо не е сменето од тогај од секаде тече воде“ изјави Зоран Петрушевски
Иско станува збор за семејства во социјален ризик, тие се подговтвени колку толку, домовите во кои живеат да ги санираат сами, но поради нерасчистената сопственост врз бараките тоа не можат да го сторат:
„Проблем е што не се знае кој е сопственик, беше во СИРЗ Штип па ги вратија пак во општинта“ изјави Зоран Петрушевски.
За посочениот проблем експресно реагираше градоначалникот на општина Пробиштип, кој денес беше заедно со овие семејства :
„Станува збор за градба која што била во ингеренции на рудникот. Сакам да кажам дека во 2012 министерството ги отастапува ингеренциите на општината а општината ги дава на Јавното претпријатије Никола Карев“ изјави Драган Анастасов-градоначалник на Пробиштип
Анастасов решението за дел од овие , но и останатите семејства кои живеат во социјален ризик го посочува во изградбата на двете социјални згради :
Ќе имаат можност да аплицираат за социјални станови кои немале кров над глава. Решението го гледаме на сите сограѓани кои живеат во катастрофални услови“ изјави Драган Анастасов- градоначалник на Пробиштип
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Стар