Без разлика што се некаде таму далеку, тие ја сакаат Македонија секој ден – никогаш не заборавиле кои се и од каде доаѓаат

0

Секој ден плачам, но не знам дали тоа е од тага или среќа. Пораснавме генерации момчиња и девојчиња во ист град, живеевме безгрижно секој со своја филозофија за среќа. Бевме на многу забави, скромни летни одмори до Охрид, а зима до Маврово или Попова Шапка. Немавме многу пари, но бевме среќни.

После 5-6 години од време на време ќе споделиме по некој спомен на facebook од нашата младост, но најголем дел од нас веќе не сме тука. Не сме во Делчево, Берово, Скопје или Битола. Раселени сме по целиот свет. Некој во Детроит, некој во Чикаго, Берлин или Минхен.

Моите пријатели беа паметни момчиња, немаа пороци освен цигара, може и некое пивце. Завршивме технички факултети, медицина, информатика. Сите се одлични, напредуваат во кариера, добиваат награди, имаат семејства. Гледам како нивните дечиња растат, како се среќни и насмеани.

Гледам и секој ден плачам. Плачам од среќа затоа што тие некаде далеку си ја најдоја својата среќа. Плачам затоа што не се во Македонија, за повторно да се собереме денес со семејства да испиеме ладно пиво и да скршиме добар муабет.

На крај, без разлика што се некаде таму далеку, тие ја сакаат Македонија секој ден. Никогаш не заборавиле кои се, и од каде доаѓаат. Македонија е наша љубов и наш сон. Потребна е борба секој еден млад човек да остане тука. Борба да ги убедиме младите дека тука може да биде подобро. Младите повеќе не смеат да бидат заборавени, држава без младина нема иднина.

Иселувањето како глобален тренд е голем предизвик за економски кревката држава која ја напуштаат или планираат да ја напуштат сѐ повеќе луѓе, пред сѐ млади. Промени се можни, но само со сериозни реформи.

Се едуцираат или работат дома, а постојано зборуваат за надвор. Системските промени можеби ја направија Македонија малку подобро место за живеење, но сѐ уште недоволно за анулирање на деценискиот проблем -иселувањето.

Сонот за подобар живот на Запад и натаму е топ-приоритет во планирањето на иднината на поголем дел од младите, но и постарите во државата. Во колкава мера, човек може да се увери од една обична анкета на која било локација.

Какви се состојбите отсликуваат и низата истражувања на разни домашни или меѓународни институции, владини или невладини. Како последно, она на германската Фондација „Фридрих Еберт“, кое покажува дека повеќе од две третини од испитаниците млади имаат желба да ја напуштат државата. Половина од нив преземаат конкретни мерки, а другата половина засега само сака да се пресели во западните земји.

Претходна статијаГолемата германска компанија годинава ќе вработи 25.000 работници, ќе регрутира и во Македонија
Следна статијаВо Пробиштип 16 семејства живеат во тешки услови: При посилен дожд или снег кровот може да ни падне врз глава