Сите овие години јас и бев пред нос на цела Македонија – не знам зошто никој не ме виде

0

Македонка Калина Велковска која веќе долги години работи на музичката сцена во Македонија, а има и свој проект на социјалните медиуми насловен како „Kaly’s Music Challenge“ со цел промоција на музичарите кај нас, пред скоро време се појави на „The Voice of Bulgaria“.

Таму таа со својот настап привлече големо внимание и кај публиката, но и кај жири комисијата, која буквално се расправаше помеѓу себе за тоа кој да и биде ментор, на крај таа го одбра тимот на Иван Лечев, кој за неа рече дека таа е апсолутен победник, дека е готов производ и има се што е потребно за на сцена, глас, самодоверба, сценичност.

Велковска ја изведе песната „This World“, а видеото на Јутјуб до овој момент е прегледано над 80.000 пати. Коментарите под видеото зборуваат за успехот на Македонката на ова шоу, дел од нив велат: “Девојката е дефинитивно фаворит за победа“, „Фантастична изведба“, „Секој тон и беше на место“.

На социјалните мрежи чести се прашањата која е Кали и како во Македонија досега да не се слушне за неа, со оглед на тоа што на сцената покажа дека има богато искуство и настапува професионално, на што можат да и позавидат и музичари кои се дел од шоу бизнисот со години.

Која е всушност Калина којашто ја остави без здив бугарската публика и стана препознатлива во целиот регион?

-Во светот на музиката сум уште од дете. Имав мала пауза, потоа се вратив во 2006 година, за да веќе од 2008 година редовно започнам со настапи во клубови, на разни настани… Имам 35 години, живеам во Скопје, честа гостинка сум во локали низ целата земја.

Сега, по настапот во Бугарија, кога луѓето ме прашуваат која сум, каде сум била цело време, знам да кажам дека сите овие години јас и бев пред нос на цела Македонија. Не знам зошто никој не ме виде, не ме забележа досега и зошто беше потребно да се појавам на бугарското талент шоу, па и Македонија да дознае за мене – вака за „Фокус” ја започна својата приказна Велковска.

За своите музички искуства може да зборува со часови. Била дел од повеќе бендови, придружен вокал на многу познати музички имиња. Имала турнеји низ Европа со многу музичари, пеела придружен вокал на Евровизија 2016 кога претставник ни беше Калиопи, била дел од настапите на Гуру Харе и многу други култни ликови од музичката сцена. Приказната со шоуто во Бугарија започнала сосема случајно.

Кали за себе вели дека никогаш не била фан на талент шоу програмите, бидејќи според неа музиката не е натпревар.

Претходна статијаВо Пробиштип 16 семејства живеат во тешки услови: При посилен дожд или снег кровот може да ни падне врз глава
Следна статијаСе очекува покачување на цените на становите во две Скопски општини