Владимир Путин, рускиот претседател поради неговата голема плата, а нејзините мали примања, бил критикуван од една сиромашна жителка на неговиот роден град Санкт Петербург.
Имено, жената која тврди дека е инвалид и дека има церебрален едем, го прашала шефот на Кремљ по една свеченост во поранешната руска царска престолнина, како е можно да се живее во Русија со месечни примања од 10.800 рубљи, или околу 157 евра, колку што има таа.
Мислам дека тоа е многу тешко, признал Путин чија месечна плата по официјалните информации е повисока од 11.215 евра.
„Животниот минимум“ на примањата во Русија е официјални 11.300 рубљи, или 164 евра за Санкт Петербург.
Вашата плата веројатно достигнува 800.000 рубљи, му рекла жената на Путин испрашувајќи го за цените за кирија, секојдневните потреби, цените на намирниците, и алудирајќи дека шефот на државата всушност не знае како живеат луѓето, посебно сиромашните.
Путин возвратил дека претседателот нема највисока плата во земјата и додал дека државата прави се што може, а и најавил мерки за зголемување на социјални давачки и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека оставката на рускиот премиер и распуштањето на кабинетот не се неочекувани, но тој сè уште не ги објаснува причините за овој потег.
Во интервју за државната новинска агенција Тас, првиот дел од кој беше објавен во четвртокот, тој рече дека нема „ништо невообичаено или неочекувано“ вп разрешувањето на владата, пренесува Бета.
Промената се случи неколку часа откако Путин најави контроверзна уставна реформа на 15 јануари за време на своето годишно обраќање пред нацијата.
Во денешното интервју, Путин рече дека претходно разговарал за реконструкцијата со Медведев, бидејќи тие имаат „отворена и пријателска“ врска.