Спенџарска: Слушајте ги мама и тато, па ќе заглавите во досаден и несреќен живот

0

Познатата ТВ водителка Јелена Спенџарска, деновиве го живее својот сон! Таа е на одмов во Американската сојузна држава Калифорнија и секојдневно на социјалните мрежи поставува фотографии од нејзините импресии во Америка.

Во нејзиниот последен статус таа вели:

,,Повеќето од вас се гледаат себе не со сопствените очи, туку со очите на другите и затоа НЕ сте во онаа состојба во која сакате да бидете! ‘

-Колку вистина има во овој извадок од книга на кој размислував посебно денес! Во Малибу. Во ова монденско летувалиште каде до тебе на плажа можеш да ги сретнеш најпознатите ѕвезди. (Да речеме Дуа Липа беше пред два дена).

Местото го гледав на стори приказните кај една германска блогерка, само недела дена пред да добијам виза. Беше сместена во една вила на самиот океан и имаше напишано откако ќе ги погледнеме сите нејзини видеа, би било убаво и ние да се замислиме на тоа место( кое е волшебно btw) и еден ден можеби ќе ја имаме таа среќа да ја доживееме магијата на Малибу онака како што таа ја пренесе ако искрено ја посакаме.

Откако се замислив како пијам кафе токму на ова место каде стојам токму сега, длабоко во себе знаев не само дека ќе добијам виза туку и дека ќе дојдам овде. Едноставно знаев! Верував во себе! Не мислев на ништо друго освен на тоа колку убаво ќе ми биде кога ќе се конектирам со ова парче земја, мирис на океан, на милион остварени желби во само еден ден…

И еве сум денес… го имав најлабавиот ден, чувствував таков спокој во себе, едноставно бев среќна со самото тоа што го гледав со очите и што сум ТУКА и СЕГА и што ми е ПРЕдобро!!

Со овој пост на кратко само сакав да ја споделам својата Малибу приказна, нека ми стои овде, секогаш кога ќе ми падне мотивацијата да се потсетам дека ЈАС СУМ КРЕАТОР НА СВОЈОТ ЖИВОТ и САМО ОД МЕНЕ ЗАВИСИ дали ќе го живеам онака како што посакувам.

Многу е едоставно: само треба да се фокусирате на ОНА ШТО ГО САКАТЕ! Колку повеќе мислите на тоа, толку побрзо ќе ви се исполни.”

А дека Спенџарска е упорна да си ги оствари своите соништа, докажува и нејзин статус од пред две години во кој вели:

,,Многу е интересно како со тек на време луѓето стануваат роботи. Одиш на работа, се враќаш дома, нешто правиш ако стигнеш, легнуваш да спиеш. Па, се прашуваш, на што се сведува твојот живот и зашто немаш доволно храброст да ги промениш работите, зашто е најлесно да седиме по кафиња, да збориме колку сите ни се криви и си тераме пак по старо?

Некаде прочитав , доколку заглавите во досаден и несреќен живот само затоа што сте ја слушале мајка ви, татко ви, учителите, пријателите или некој лик од телевизија,тогаш го ЗАСЛУЖУВАТЕ ! Сосема е во ред да бидете свои, да грешите, да плачете, да ве боли…

Така се созрева. Генерално, најважно е да верувате во себе. Тука добивате само УСПЕХ. Не им давајте значење на стравовите и ќе видите колку лесно ќе ги победите. Цел мој живот е слика на мојата верба. Се што посакав -добив!Оваа, реално, ми беше една од најдобрите години во мојот живот (иако не бев свесна за тоа до пред некој ден)

Многу набљудував, грешев и јас, но ја дознав формулата. Ништо не се постигнува на сила, трпение МОРА и МОРА да знаете што точно сакате во животот.Муабети од типот рекла-казала доаѓаат од несреќни луѓе, вистинските пријатели во очи ќе ви ги кажат и лошите работи. Во глобала, се е многу едноставно, ама постојано сакаме да си комплицираме, баш зашто не си веруваме доволно.

Ајде овој пат да имаме една среќна година и покрај лошите настани(ги имало и ќе ги има). Останете насмеани зашто насмеаните луѓе станаа ендемски видови. Сакајте повеќе( важно да не мразите, нема да добиете буквално ништо од тоа), и работете на личниот успех, можете да постигнете буквално се што ќе посакате, гарантирано.

Имајте живот каков што само си замислувате, не е невозможно!!! Ви посакувам една наааајсреќна година до сега.”

Претходна статија(ВИДЕО) Жена собра храбост и во лице го праша Владимир Путин неоечекувано прашање
Следна статијаСакам да му се извинам на маж ми – за сè е крива мајка ми