Горан Наумовски, 46 годишниот гостиварец е еден од преживеаните патници кој го слави секој ден по несреќата кај Ласкарци затоа што станал жив. Со скрешмици на раката, ребрата и трајни последици на виталните органи. Сведочи за кобниот ден.
Горан се уште работи во Скопје, но траумите од патувањето не може да ги надмине. По само половина час од качувањето во автобус, го почувствувал првиот удар на автобусот се стегнал силно со рацете за седиштето и веднаш го почувствувал и вториот удар.
Секунди биле во прашање кога наеднаш го почувствувал последниот и кобен удар и пад на автобусот во провалијата. По еден месец лекувањ
За жал немаа сите среќа како Горан. Жетва во несреќата беше и 24 год Павле костовсли чиј татко низ солзи раскажа какво момче бил Павле. Се враќал од работа и студирање, бил кроток и многу успешен. Од него останале само спомените и едно марамче од неговото чедо. Жителите на Ласкарци кои први дотрчале на помош се уште во неверување се сеќаваат ма трагичниот настан.
„Сите 10-ки му беа, асистираше, магистрираше, докторираше. Беше роден 4. мај 1995 година, не дочека ни 24 години. Мобилниот телефон во ташничето го носеше, недостапен, недостапен знаев дека нешто се случило. Овој новчаник беше, ова го најдов, ова што го имам, си ги бришеше наочарите, си го оставив за успопмен“, изјави за ТВ Сител.
Денеска се одбележува една година од трагичната автобуска незгода кај Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а повеќемина беа повредени.
Во автобусот кој се обраќаше од Скопје до Гостивар, на излезот од главниот град излета од лентата и се преврте на другата страна. Во него во моментот на несреќата имаше 51 патник.
Веднаш реагираа најпрво мештаните на Ласкарци, а потоа и екипи на прва помош. Првично беа 13 загинати, а потоа уште три лица подлегнаа на повредите од несреќата.
Утринава во 5 часот се одржа марш кој ќе биде од Ласкарци до Гостивар, каде што требаше да пристигне автобусот на „Дурмо Турс“.
Многумина роднини, пријатели и најблиски се потсетија на своите најблиски кои беа во кобниот автобус на 13 февруари 2019 година.