Се огласи Даниел за кого велат дека има Корона вирус од крузерот кој е во карантин

0

Добро се чувствувам, немам температура и не сум зapaзен со kopoна-виpyc. Не е вистина дека трет ден сум во изолација, еве токму сега пијам кафе во бифето во бродот, изјави за српски Курир Даниел Душноки (39) од Суботица, член на персоналот во бродот “Дајмонд принцес”.

– Направија вистинска драма, а ништо од тоа не е вистина. На крузерот сме и за сега нема ништо ново, ниту пак нешто се случува.

Работиме, го чекаме крајот на оваа драма. Немам температура и не сум под никаков посебен карантин. Не сум во контакт со зapaзените патници, јас само патролирам во текот на ноќта- вели Душноки за Курир.

Министерството за здравство информира согласно најновите информации добиени од јапонските надлежни органи, дека дојде до промена во однос на состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат на бродот „Diamond Princess“ во Јокохама, Јапонија.

Потврдено е присуство на корона вирусот кај еден од македонските државјани кој во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија.

Амбасадата на Република Македонија во Токио е во комуникација со македонскиот државјанин. Воедно, амбасадата на дневна основа комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои сѐ уште се наоѓаат на бродот во Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на корона вирусот.

Министерството за здравство на Јапонија продолжува со спроведување на тестови за присуство на коронавирусот кај лицата кои се наоѓаат во карантин на бродот.

При вршење на анализите предност имаат лица со симптоми кои укажуваат на присуство на вирусот, лица над 75 годишна возраст и лица со хронични заболувања.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, преку амбасадата во Токио, редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во Јапонија и остварува комуникација со надлежните јапонски органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на корона вирусот.

Претходна статија(ВИДЕО) Татко кој што кај Ласкарци остан без својот син низ солзи се потсети и покажа што чува за успомен
Следна статијаНе издржа: Убавото лавовско срце Дарин си замина кај дедо Боже