(ВИДЕО) Отец Пимен влезе во музиката: Напиша и продуцираше рок балада

0

Познатиот отец Пимен направи песна за ресенскиот бенд „Плет“, што по ресенски значи ограда. Песната се вика „Чат пат“ и е најава за албум, кој овој бенд го подготвува.

-Бендот е формиран за овој проект и ќе се прави албум, бидејки веќе се во подготовка други песни. Спотот веќе се снима и мислам дека до крајот на април ќе биде промовиран. Членовите на бендот се од Ресен и се членови на поранешните бендови „Нексус и“ и „Лизардс“ како и актуелниот рок бенд од Ресен „Инстикт“, вели отец Пимен.

Отец Пимен го направи текстот за оваа песна и е продуцент. Музиката е на Ѓоко Таневски-Бифо а аранжманот е на целиот бенд. Дел од бендот се Кода и Илија на гитара, Петар Бардак на бас гитара и Бифо. Пејач е Јован Симоновски (18), кој е активен пејач и на групата „ Инстикт“.

Е па мали, честито сефтето. Уште многу песни да ни испееш.А ние тука сме за логистика, напиша Отец Пимен на својот профил на Фејсбук.

Е па мали, честито сефтето. Уште многу песни да ни испееш. А ние тука сме за логистика😉

Публикувахте от Otec Pimen в Четвъртък, 27 февруари 2020 г.

Пимен роден како Сотир Илиевски — владика на МПЦ – ОА, митрополит на европската епархија. Пимен е роден во Ресен во 1971 година. Уште како студент на Теолошкиот факултет, кај него се родила желбата да отиде во манастир, па по завршување на трета година факултет, заминал во Водочкиот манастир во Струмица во 1997 година, каде и го добил монашкиот потстриг.

Набрзо потоа, станал игумен на истиот манастир, период кога и вонредно го завршил Теолошкиот факултет. На предлог на Синодот на МПЦ, како Архимандрит, заминал во Париз во 2004 година, на постдипломски студии на „Св. Сергеј“ факултетот, каде и ја обавува парохиската служба во тамошната црковна општина.

За време на студиите, г. Пимен е хиротонисан, заедно со Методиј и Климент, при што станува викарен епископ Пољански и како таков е ракоположен на соборот на сите Македонски светии во октомври 2005 година во „Св. Софија“ во Охрид. Најпосле на 6 април 2006 е поставен за митрополит Европски, при што го сели седиштето на епархијата во Малме, Шведска.

Како митрополит, по барање на некои дневни весници и интернет портали пишува и колумни секогаш со теолошка содржина и смисла. Како плод на ова творење 2011 година ја издаде и збирката колумни со еклезијастички дух „Што напишав напишав“ (Quod scripsi scripsi)

Претходна статијаПрви конкретни предвидувања на експерти за тоа кога може да се очекува крај на Корона вирусот
Следна статијаНајчевска: Решив да членувам во партија која нема да се бори за министерски и директорски места