Тригодишната Јасна не пропушта литургија: Ние живееме скромно, му се молиме на Господ и постиме

0

Тригодишната Јасна Дедиќ секоја недела оди со семејството на литургија, која се организира во Црна Гора. Таа, за жал, има церебрална парализа и е целосно неподвижна. Со браќата Величко (4) и Маријан (9) и самохрната мајка Милослава дели само една соба.

Таткото ги оставил пред три години и не плаќа алиментација, така што живеат многу скромно кај своите во село. Границата со Албанија се наоѓа на неколку километри од нивната куќа.

– Ние живееме скромно, му се молиме на Господ и постиме. Се надеваме на подобро. Верувајте ми дека синот Маријан утрово кога слушна дека доаѓате, рече „само куќа да имаме“ и тоа навистина е нашата желба- раскажала мајката Милослава.

Литургијата на претходноосветени дарови може да биде означена, без претерување, како срце и центар на богослужението во Великиот пост. Во некои древни богослужбени ракописи таа се нарекува „Литургија на Големата четириесетница“. Всушност, оваа богослужба најдобро го опишува ова свештено време во годината.

Суштината на оваа богослужба ни се открива во самото име: тоа е „Литургија на претходноосветени дарови“. Се разликува од Литургиите на св. Василиј Велики и св. Јован Златоуст, во кои се совршува Евхаристијата – принесувањето и осветувањето на Даровите.

За време на „Литургијата на Великата четириесетница“ се причестуваме со Светите дарови коишто се „претходно осветени, преосветени“, т.е. осветени на Литургија служена некој претходен ден.

Овие Свети дарови ни се дадени за да имаме можност да се причестиме со нив и да бидеме осветени преку нив. Со други зборови, Литургијата на Претходоноосветени дарови во суштина не е литургија, во смисол на Литургиите на св. Јован Златоуст или св. Василиј Велики, туку попрво, еден засебен чин на причестување

Претходна статијаЗа Македонците кои имаат бугарски или друг пасош нема грижа по новата одлука на нашето МВР
Следна статијаЗаев и Мицкоски ,,си ги измерија” и на ,,Еден на еден” – еве кој имал поголема гледаност