Sвездите од Гранд кои секој ден го гледавте на ТВ направија свадба во Скопје (ФОТО)

0

Елена Миленковска и нејзиниот свршеник со кого се запознаа и засакаа на ,,Sвездите на Гранд” – Александар Гуте Маринковиќ, неодамна се венчаа во Србија, а вчеравечер, 22 февруари 2020 година во Скопје ја направија и својата најавена свадбена веселба.

Во една од салите на реномираниот скопски хотел „Континентал“ се случи македонско-српската свадба на која присуствуваа најблиските, семејствата, другарите, пријателите, колегите на двете „новопочени“ „Гранд ѕвезди“.

Елена на венчавката која претходно се случи во Србија носеше бели панталони, а во родното Скопје, како што вети, ја облече свадбената венчаница, додека Гуте носеше елегантен костум.

И како што е редот и како што обично сите свадбени веселби воглавно започнуваат, по влезот во салата сите од младите очекуваа да го заиграат првиот свадбен танц, со кој најчесто се отвора свадбата.

Но, Елена и Гуте наместо со прв свадбен танц, свадбената веселба ја отворија со љубовен свадбен дует.

Онака како што влегоа во салата, фатени за рака, во другата ги земаа микрофоните и во придружба на скопските „Екстра бенд“ заедно отпеаа две љубовни балади за добредојде на гостите, по што следуваше и љубовен бакнеж, а невестата му падна во прегратки на младоженецот.

Нивната свадбена веселба повеќе личеше на вистинска свадбена журка, отколку на класична свадба со „триста табиети“ и обичаи, иако ниту фрлањето на бидермаерот или невестинската торта на пример, не изостанаа.

Иако длабоко навлезена во својата бременост, невестата заедно со момчето беа највесели, не престанувајќи да играат, да се забавуваат и заедно со музиката да ги анимираат гостите, кои повеќето беа млади, па забавата беше загарантирана.

Се играше и пееше, ред македонски, ред песни од соседството и регионот, а свадбената веселба моментите на кулминација ги достигна во периодот по вечерата, кога нашите „Екстра бенд“ своето место им го отстапија на гостите од Србија, нишката музичка група која Елена и Гуте ги придружува во нивните настапи.

Зетот и невестата постојано танцуваа, но и знаеја да се фатат за микрофонот, како и гостите од Србија – нивни колеги и колешки од музичката бранша и исто така учесници во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, кои се потрудија веселбата да не застане, зашто непрестано се редеа познати музички поп-фолк хитови.

Се’ на се’, Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ направија прекрасна свадбена веселба, вистинска вечер за паметење… И за нив, и за нивните гости, ноќ која нема да ја заборават цел живот.

Извор: Вистина

Претходна статија(ВИДЕО) Миро Бекстејџ истера Бугарска старлета од емисија бидејќи неќеше да му покаже ,,нешто повеќе”
Следна статијаЗаев откри како настанале снимките кои денес му ги извади Милошоски