Снежана од куамновска на Бадник остана без покрив над глав: Немам ништо, ниту социјално, ни пензија

0

Педесет и петгодишната Снежанка Крстевска од кумановското село Пчиња, остана без покрив над главата, по пожарот кој ја зафати нејзината куќа. За да несреќата биде уште поголема, во пожарот настрада нејзиниот татко, 79-годишниот Бранко Јачковски.

Пожарот се случил на 6-ти јануари, Бадник, околу четири часот наутро, а причината најверојатно е кварцната печка на која се греело домаќинството. Огнот првин го зафатил долниот дел од спратот, собата во која бил сега починатиот Бранко, а подоцна се проширил и на останатите делови.

-Тој беше болен, последниот пат кога го видов околу 24 часот спиеше, и потоа ме разбуди чад, немаше време, јас се задушив малку, едвај се снајдов да излезам, на него не можев да му помогнам.

Се изгоре, бргу дојдоа од пожарната, братучетка ми ме прибра кај неа, до пладне го гасеа пожарот. Грејалката е причината за пожарот, тој беше непокретен, кога ќе паднеше не можам да го кренам, и сум заспала уморна, кога се разбудив, доста се и будам не сум добра и јас со здравје, имам дијагнози, но доцна беше, едвај отворив не се гледаше од чад.

Тој имаше домашна посета, инфузии, требаше да го остават во болница, докторите не сакаа, можеби немаше да се случи ова-вели таа.

Снежанка не ги исполнува условите за пензија, а во моментов нема ниту социјална помош.

-Немам ништо, ниту социјално, ни пензија, облека што ми дадат луѓе. Се е изгорено, децата ме облекоа, цел месец сум по институции, за татко ми да ги средам документите, па потоа за мене, без документ ништо не можеш да завршиш-раскажува таа.

Сите хумани граѓани кои што сакаат да и помогнат на оваа жена, тоа може да го сторат со донација на подолу наведената трансакциска сметка.

Снежанка Крстевска

Халк банка

270-7000538325.24

Претходна статијаБоки 13 го негира она што го слушна од разговорите со Камчев
Следна статијаЕмотивна средба: По една година се видоа Јасмина и Седат кој ја спаси од автобусот кај Ласкарци