Емотивна средба: По една година се видоа Јасмина и Седат кој ја спаси од автобусот кај Ласкарци

0

Статус на Венко Филипче:

На денешен ден пред една година се случи страшната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, која сите нас не научи на поголема хуманост и солидарност. Не научи да си помагаме кога е најпотребно и да се грижиме едни за други.

Минатата година, Седат успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци.

Неговата најголема желба била Јасмина да биде жива. Заеднички ја најдовме и бев сведок на емотивниот момент кога таа го запозна човекот што ѝ го спасил животот.

Утрово се сретнав со Седат и Јасмина. Таа се заблагодари за целокупната грижа од страна на медицинскиот персонал затоа што е повторно жива.

Во вакви тешки моменти се гледа хуманоста и добрината, се гледа пожртвуваноста да се помогне. Тоа се моменти што не потсетуваат дека тука сме да помогнеме еден на друг.

На тој ден, целокупниот здравствен систем беше активиран за 15 минути и здравствените работници направија сѐ за да ги спасат животите на тешко повредените.

На денешен ден пред една година се случи страшната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, која сите нас не научи на…

Публикувахте от Венко Филипче в Четвъртък, 13 февруари 2020 г.

Најдлабока благодарност за сите здравствени работници кои го дадоа својот максимум за да ги спасат човечките животи на нашите сограѓани, пријатели, роднини. Најголема благодарност за професионалноста и медицинската стручност. Никогаш повеќе да не ни се случи ваква трагедија.

Статус на Седат Ќазими:

13 Фебруари веројатно за сите жители на Ласкарци и пошироко во земјата долго ќе остане тажен датум, кој потсетува на болната вест за трагичната автобуска несреќа кај Ласкарци.

Во групата на луѓе кои што помагаа и придонесоa кон извлекување на телата од повредени за жал и мртви од превртениот автобус заедно со голем дел од жителите на селото бев и јас.

13 Фебруари веројатно за сите жители на Ласкарци и пошироко во земјата долго ќе остане тажен датум, кој потсетува на…

Публикувахте от Sedat Qazimi в Сряда, 12 февруари 2020 г.

После трагичниот настан добивме пораки за благодарност од целата јавност и пошироко кој што ни беа терапија после трагинчните слики кој што ги видовме на лице место, дел од нив ќе ги објавам.

Сочусвто до семејствата и граѓаните, никогаш никаде да не се повторат вакви несреќи

Претходна статијаСнежана од куамновска на Бадник остана без покрив над глав: Немам ништо, ниту социјално, ни пензија
Следна статијаКостадин: Извршителот Мицкоски не успеа да го спаси шефот Груевски