Сакам да му се извинам на маж ми – за сè е крива мајка ми

0

Од мојата четиринаесетта година, па се до завршувањето на пубертетот, со мојата мајка бевме на “ратна нога”.

Што и да кажеше, ме нервираше и признавам, не бев праведна кон мајка ми. Неретко знаев да и се развикам, а подоцна сфатив дека жената всушност била во право за многу работи.

Се омажив на дваесет и пет години и тогаш мојата мајка ми стана најдобра пријателка. Претпоставувате, главна тема на разговор ни беше сопругот, децата, свекрвата.

Во првите години од бракот, мајка ми се обидуваше некако да избалансира меѓу мене и мојата нова фамилија, но подоцна и нејзе како да ја фати некој револт и почна отворено да зборува против нив.

Во секое семејство постојат несогласувања, па така и во моето. Кога гледам од денешен аспект, ми станува јасно дека и не било баш сè како што јас сум мислела.

Ама главно беше што јас имав поддршка од моите, од тука беше и силаат во мене да се спротивставам на сè што мене не ми одговараше.

Со сопругот и децата живеевме во семејна куќа со неговите родители. Тие долу, ние на горниот спрат.

Нешто што најмногу ме ужаснуваше, беше тоа што тој инсистираше да ручаме заедно со нив. Свекрвата готвеше, не можам да се пожалам, ама сепак се нервирав.

При една жестока кавга, собрав некои алишта, ги зедов децата и отидов кај моите. Мајка ми ме праша дали ме удрил, и реков не. Таа малку се потсмири но сепак ми рече: – Ако што си отишла, ова ќе му биде за памет!

Е арно ама, помина една недела, сопругот го немаше да се јави. Тогаш мајка ми почна да го врти моабетот, па да ми вика дека требало да си останам дома, па да му се јавам…

По неколку дена дојде сопругот со вработени во социјално за да ги види децата и истоовремено ми донесе тужба за разводот.

Тука за мене се сруши светот, бидејки во суштина многу го сакав. Незнам што да правам, многу го сакам, дајте совет…

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаСпенџарска: Слушајте ги мама и тато, па ќе заглавите во досаден и несреќен живот
Следна статијаРусковска проговори за наводите дека на Боки 13 му било нудено да ги намести Катица и Фросина