Русковска проговори за наводите дека на Боки 13 му било нудено да ги намести Катица и Фросина

0

Никогаш во мојата професионална кариера ниту еден обвинет не сум го уценувала, ниту принудувала да каже било што, вели во изјава за “Фокус”, обвинителката од случајот “Рекет”, Вилма Русковска за тврдењата на обвинетиот Бојан Јовановски дека за да добие позитивно мислење за притвор, му било понудено да ги “намести”, Катица Јанева и Фросина Ременски.

– Сигурно не сум му понудила. По обвинението за “Рекет” веќе течеше судењето, кога тој даваше исказ за предметот со “Меѓународен сојуз”.

За ова прво обвинение беше носен во неколку наврати да ги гледа доказите и на крај реши да му биде лошо и не даде исказ. Никогаш во мојата професионална кариера ниту еден обвинет не сум го уценувала, ниту принудувала да каже било што.

Ако обвинет дава исказ, тогаш поставувам прашања, ама да уценувам или да терам да каже било што, никогаш, вели Русковска.

Јовановски познат во јавноста како Боки 13, денеска од судечкиот совет побара да го пушти од притвор, и во своето излагање пред судот тврдеше дека и нему исто како на осудениот Зоран Милевски- Кичеец, за да добие позитивно мислење за притворот му било нудено да каже дека Јанева е крива или дека Ременски зела пари. Јовановски тврди дека, бидејќи не прифатил, затоа бил во притвор.

Русковска побара да не му се укинува притворот бидејќи бил фатен како бега на граница, иако Јовановски тврди дека одел на одмор во Миконос.

Целата сторија проследете ја на Фокус.мк

Претходна статијаСакам да му се извинам на маж ми – за сè е крива мајка ми
Следна статијаПред 3 месеци се омажив, а до нас живее еден чудак, сите бегаат од него – се изненадив кога му отидов