Пред 3 месеци се омажив, а до нас живее еден чудак, сите бегаат од него – се изненадив кога му отидов

0

Пред три месеци се омажив, а во улицата каде што сега живеам, нема згради, сè се куќи. Тука сите се познаваат, си одат по гости како најдобри пријатели, се викаат по слави, родендени…

Многу сум пријатно изненадена од ваквиот однос меѓу соседите, зошто јас сум порасната во зграда, каде едвај “Добар ден” си викавме со нашите соседи.

Неретко се караа луѓето зошто оставаа дрангулии по ходниците, точаци, фрижидери, скапани машини за перење алишта и што ли уште не, а кога ќе го заглавеа приодот, имаше навистина немили сцени од нервозни соседи.

Затоа, повторно ќе речам, многу пријатно се изненадив од ваквиот однос меѓу луѓето на оваа улица. Меѓутоа, таму на кривината скроз на крајот од улицата, живее еден постар човек. Веднаш го забележав, зошто неговиот двор беше запуштен и се одвојуваше од куќите до него кои беа префектно средени.

Го прашав маж ми за старецот, а тој ми рече дека човекот веќе долги години живел сам. Имала некаква инвалидска пензија од некаква повреда поради која ја завлекувал ногата.

Жена му на времето пред 15 години го оставила, а со себе си ги земала и децата. Значи човеков 15 години живее сам, никој не знае од што живее, како плаќа сметки и никој никогаш не видел дека некој му дошол во посета.

Го нарекуваат чудак, бидејќи со никој не разговарал а сите од улицата го одбегнуваат, како да е заразен од корона вирус.

Куќата му е многу трошна, се распаѓа, струјата му ја исклучиле, значи без греење, без ништо… навистина се почудив кога го слушнав сето тоа. Како ли овој човек преживува?

Инаку, по природа сум многу емотивна и веќе на мажот неколку пати му реков дека треба да одиме да го посетиме човекот и да му помогнеме. Ама, мојот маж секогаш имаше некаков изговор и упорно ме одбиваше и ми велеше дека подобро е да не се плеткаме во туѓи работи.

Денес славев роденден и одлучив, го натерав маж ми да одиме кај тој човек, да му однесам парче торта и уште нешто храна. Едноставно имав пореба да му помогнам на тој човек, барем да се обидам.

Кога влеговме во неговата трошна куќа, не дочека еден голем неред, валкани работи по подот, прашина еден куп… Повеќе личеше на штала отколку на куќа, а тој со солзи во очите ни рече дека тукушто гледал стари фотографии, па затоа се натажил.

На подот видовме еден куп стари слики, сите од неговото семејство, од неговите деца, ќерката и синот. Ни посака добредојде, се извини поради нередот и не понуди со вода, зошто друго немал што да не понуди.

Додека поседовме со него, тој ни ја отвори својата душа, немате поим колку е добар човекот. Воопшто не е чудак како што го нарекуваат. Едноставно, му се случиле некои неубави работи во животот, па луѓето со предрасуда го осудиле на самотија.

Го повикавме на ручек и тој се согласи. После тоа разговарав со мажот, му предложив да се обидеме да се организираме и малку да му го уредиме домот, да се обидеме да го вратиме во нормалниот живот, живот каков што заслужува. Инаку човекот има само 53 години.

И.П. Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаРусковска проговори за наводите дека на Боки 13 му било нудено да ги намести Катица и Фросина
Следна статијаЈанушев откри дали Елизабета Канчевска – Милеска се враќа назад во ВМРО – ДПМНЕ