Потешко е да се дојде до работна виза за Македонија отколку за Германија и Австрија

0

Странските инвеститори во земјава со месеци чекаат нивни експертски тимови да добијат работна виза за престој во земјава.

Иако сме отворена мала економија со многу инвестиции од странство, затворени сме за давање на работни визи, констатираат од Стопанската комора на Македонија. Често пати стучните лица кои доаѓаат од други земји биле одбивани со образложение дека таков кадар во земјава веќе има.

„Визниот режим за дозволите во Македонија е катастрофа. Ние сме една од најтешките држави во која треба да може да се добие работна дозвола. Луѓето се скоро како илегалци и покрај тоа што се донесени со добра волја на инвеститорите поминиуваат низ тешки процедури“, рече Антони Пешев- Стопанска комора.

Проблем за странските инвеститори е и честото менување на законите, нешто што им предизвикува несигурност. Тоа го потенцираат и дел од странските амбасадори во Скопје.

„Постојат неколку критични точки за кој италијанските компаниите се пожалиле, често се среќаваат со долги и комплицирани бирократски процедури кои не секогаш се јасни, како и со недостиг на квалификувана работна сила. Се разбира трета област за која се жалат странските компании е владеењето на правото“, рече Карло Ромео- Амбасадор на Република Италија.

Голем проблем при вадењето на работни визи за своите работници во минатото имаа и некои турски и кинески фирми кои во Македонија работат на проекти во градежништвото.

Тој се осврна и на прогресивното оданочување кое што ги погодило сите странски инвеститори и експертите кои доаѓаат од странство.

„Независно дали е низок или рамен, не треба да го правиме според нашите перцепции за многу или малку. Кога ќе кажете дека ќе ја поставите рамката на прогресивен данок на 1.500 евра, значи дека сите до еден ги опфаќате зашто нивниот просек на примања се однесува на земјите од каде што дошле“, рече Пешев.

Претходна статијаВо спомен на баба Султана, една од најстарите жени во Македонија: Никогаш не пушела, ниту пиела, ниту прејадувала
Следна статија(ВИДЕО) Баба и дедо од Солунско: Абе дете, оти не разберваш – ние си зборваме на Македонски