Ова што се случува вчера и денес кај нас, по дијагностицирањето и официјалното соопштение со потврда за прв заболен од новиот вирус кај нас, не е ништо ново, однодно не е нешто што не се случува и во останатиот дел од Европа и светот.
Медиумите јавија за празнење на продавниците во Италија, само неколку денови по ставањето во карантитн на неколку градчиња во околината на Пјаченца, каде што живеат и многу Македонци.
Истото се случува и во другите држави. Значи не се работи за менталитетот, културата, воспитувањето, туку за нешто искоснко, некаков нагон, кој ги прави луѓето себични, да се грижат само и само за сопствениот живот и егзистенција…
,,Здраво Галама. Вчера влегов во еден од најпознатите маркети во нашата држава, во скопско Тафталиџе и бев ужаснат од глетката околу мене.
Луѓе испаничено трчаа по рафтовите и грабаа сè што можеа да дофатат, притоа туркајќи се еден со друг, немилосрдно, да стрпаат во количката што повеќе производи во својата количка.
Чекајте бе луѓе, полека. На што личи ова. Се појавил еден случај на корона вирус. И што? Ќе ве спаси ли храната. Ќе седите дома забарикадирани? До кога? Сте запрашале ли што кога ќе ви се потрошат залихите?
Колку ќе ,,ќарите”, два дена, пет, две недели? И што потоа, што ќе се случи? Потоа ќе гладувате? До кога вакво примитивно размислување и однесување.
Но што ме зачуди најмногу. Тоа што немаат емпатија кон ближниот. Буквално се туркаа еден со друг, кој попрво да грабне брашно, шеќер, сол. Тажен колку може да биде бесчувствителен човечкиот род. Колку брзо може да се симне на анимално ниво.
За крај ќе парафразирам еден цитат од Светото Писмо:
,,Се грижите што ќе носите утре, како ќе бидете облечени, што ќе јадете и пиете. Но зар не сте свесни дека доколку сакам, уште денес ќе ве снема. Безверници едни и фарисеи. Им фали ли нешто на врапчињата кои не се облекуваат во скапи одежди и не складираат храна. Погледнете ги цвеќињата колку се убави…”
П.П.
Името и презимето познати на редакцијата на Галама.