(ВИДЕО) „Време – Невреме“ – првата авторска песна на атракцијата „Brass Brothers“

0

По повеќе од седум години забавувајќи ја публиката во дискотеките и кафе-баровите ширум Македонија, групата „Brass Brothers“ се реши за нов предизвик и со прв сопствен хит ги изненади своите фанови.

„Време – невреме“ гласи првиот сингл на атрактивниот битолски бенд, кој е познат по своите динамични настапи во живо, исполнети со многу енергија, љубов и забава.

„Време – невреме“ е песна на која како автори на текстот се потпишуваат Елена Тодосиоска и Дејан Марковски, музиката е на Горан Мицевски – Кус, а аранжманот е на познатиот пејач Димитар Андоновски.

„На ваше барање, а на наше огромно задоволство ви ја преставуваме нашата прва авторска песна. Последиците од невремето кое го живееме и револтот кој го изразуваме во „Време – невреме“ ,не сакаме да бидат искористени од страна на актуелните политички опции и се оградуваме од истите. Главната порака е : „СО ЉУБОВ ДА ПОБЕДИМЕ” – велат момците од „Brass Brothers“.

Од бендот најавуваат дека ова е само мал почеток на она што следува од нив во иднина, а во меѓувреме слушнете ја и уживајте во нивната прва песна, која се очекува да стане голем хит:

Тие нема да застанат само на оваа песна. Веќе се подготвува и втората, а дотогаш нив може да ги видите и слушнете буквално во секој град од нашата земја, бидејќи овие момци важат за најдобрите „мајстори“ за забава!

Претходна статијаЦрногорка која во моментов е во Кина: Сите кои успеаја, се излекуваа само поради едно нешто
Следна статијаНезапамтен интрес – Познато колку луѓе сакат да бидат пратеници од СДСМ