Наумче од битолско останал зачуден од својот син: Ни во сон не би помислил дека ќе се случи тоа

0

Почитувана редакцијо на „Галама“, ве следам извесен период и прочитав многу животни приказни, па си реков зошто и јас да не ја споделам мојата која е во целост вистина и нема што да сокривам и лажам, вели нашиот читател Наумче од битолско.

Како дете имав тежок живот, израснав само со мојата мајка откако останав без својот татко релативно млад. Работев земјоделие цел мој живот, од седум години па до ден денешен. Не се жалам, тој што работи има, колку за живот доволно.

Животот ми даде едно дете, син кој го израснав и школував заедно со мојата сопруга. Но како и многумина млади откако немаше избор, па се реши да тргне надвор од границите на нашата држава. Во трета година од факултетот замина за Америка каде што реши да остане пет години се додека не доби тамошни документи.

Цели пет години го немав видено мојот син единец, што да ви кажувам. Се будев и заспивав со помислата за него,колку е навистина тешко знаат само луѓето кои биле во моја кожа. Како одминуваше време јас се повеќе се помирував со ситуацијата.

Минатото лето се врати од Америка на одмор во Македонија, а по неколку дена дома ми соопшти една вест за која не си верував на сопствените уши. Вакво нешто ни на сон не би можел да помислам. Мојот син со следните зборови ми вели:

„Тато, јас минав многу години во Америка, мојата младост ми помина таму, далеку од домот од моите сакани, од семејството. Па животот е еден и нема назад, а јас донесов одлука, нема назад во Америка, барем во моментов не се враќaм“.

Јас го гледав и си велев дали ова е некоја шега, но на крај се покажа како точно. По неколку месеци синот се ожени и донесе одлука дека повторно ќе замине да живее и работи во странство, но во Европа. Ми кажа дека ова го прави само за мене и мојата сопруга, за да може да биде што поблиску до дома, да може тој кога сака, но и ние кога сакаме да го посетиме.

Па така синот мој се пресели во Австрија и сега е многу поблизу до дома. Ако претходно не си доаѓаше дома со години, сега можам да кажам барем еднаш во три месеци доаѓа на недела, две одмор.

С.С. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаНајпознатиот Тетовец се најде во центарот на вниманието кај светската јавност: Познато и поради што
Следна статијаАко на српската свадба гостите што играа беа професионалци, дали се и овие играорци? (ВИДЕО)