Ако на српската свадба гостите што играа беа професионалци, дали се и овие играорци? (ВИДЕО)

0

Пред некој ден пишувавме за свадбата од Младеновац и објавивме видео, на кое невестата и нејзините гости што би се рекло со народен јазик, везеа по подиумот.

Многумина прокоментираа дека се работи за професионалци од некое играорно друштво, кои биле пријатели на младоженците и тука ги покажале своите вештини. Ова не е далеку од логиката.

Во секој случај, беше празник за очи да се гледа таа виртуозност и вкомпонираност во движењата, на кои се приклучи и невестата која исто така најверојатно е дел од тоа играорно друштво.

Српска свадба <3

Српска свадба. Лепота <3 🇷🇸

Публикувахте от UŽICE – OGLASNA TABLA в Четвъртък, 13 юни 2019 г.

Денес наидовме на слично такво видео од Бугарија, кое има дупло поголема гледаност од претходното, српското. Со таа разлика што тука мажите го имаат главниот збор и да бидеме искрени и ова делува прилично професионално.

И да повториме, Балканците се познати ,,весаљаци”, играорци, пејачи. Топли луѓе кои знаат да извадат пијалок и мезе на маса, да пуштат музика и да се веселат до зори. Правилото во поранешна Југославија гласеше отприлика вака:

,,Во Босна немој да пееш, во Србија немој да играш, а во Македонија немој ниту да пееш, ниту да играш, бидејќи тие, Македонците, тоа најдобро го прават.

Претходна статијаНаумче од битолско останал зачуден од својот син: Ни во сон не би помислил дека ќе се случи тоа
Следна статијаЈоци со уникатен коментар по вечерашниот марш на ВМРО-ДПМНЕ: Бубето за Мице е Елвис Присли