Љубица, сопругата на Кире Лазаров откри како се запознале и зборуваше за нивниот живот

0

Францускиот медиум „Уест Франс” излезе со специјален тескт за капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров. Покрај екс-селекторот, Раул Гонзалез за мак-гол машина зборуваа и неговите поранешни клупски другари Раул Ентрериос, Никола Карабатиќ, како и неговата сопруга Љубица.

„Беше млад ракометен талент уште од 17 години кога се запознавме. Бев студентка и ме интересираше ракометот. 23 години сме заедно, тој остана истиот, внимателен татко, грижлив за своите деца и за пријателите.

Семејството и децата се единствените работи кои ги става пред ракометот. Може да гледа ракомет цел ден, љубовта му ја пренесе неговиот татко, кој исто така беше ракометар во поранешна Југославија. Не сака неправда и негативни луѓе.

По природа е мирен, никогаш не се нервира без причина. Слободното време го користи за семејството и за децата. Сака море и природа за да ги наполни батериите. Ќе продолжи да игра додека се чувствува во форма. Многу му даде на националниот тим, неколку пати беше избиран за најдобар спортист на својата земја и кога минува низ улици сите го застануваат да се фотографираат. Тоа е голема чест за него“, рече најголемата поддршка на Лазаров.

Кире е вистински кошмар за противниците, тоа го потврдува и Ентрериос.

„Четири години ја делев соблекувалната со еден историски ракометар за својот пат во Европа. Не сум изненаден за неговата долготрајност, бидејќи тактички тешко е клуб да пронајде така добар ракометар како Киро. За голманите е тешко да го прочитаат, подеднакво добро шутира и додава“, вели Раул Ентрериос.

За Никола Карабатиќ не е изненадување што уште игра на врвно ниво.

Киро го сметам за пријател, потоа и соиграч во мојот период во Барселона, а заедно и ја реализиравме перфектната 2015 година. Не ме изненадува што долго трае, тој се грижи за себе, максимално е посветен и тренира. Играв против него, ударот од далечина е негова силна страна. Тој е еден од најдобрите шутери во светот. Голманите имаат проблем со неговиот удар. Надвор од теренот е смирен, семеен човек и многу позитивен“.

Претходна статијаАвионските билети се намалуваат нагло – чинат колку едно кафе
Следна статијаБабината љубов кон првиот внук – е најсовршената љубов во светот