Статус на Јорданка Ивановска Јоци:
Ех, бе вмровци…кај ви се оние стари, добри времиња кога Љубчо војводата вадеше 50.000 вмројни од дома. Кои сами доаѓаа, пешки и кои го гледаа со жар во очите како маѓепсани, хипнотизирани од тој ваш Аполон, кога им зборуваше за срцето на Македонија.
И тие му веруваа. Бидејќи беше брилијантен оратор, кој, со часови не им здосадуваше. А, сега за пола саат, ајт сите по дома. Е, тоа беа вашите времиња ❤ Поминаа, јбг. Бубето за Мице е Елвис Присли.
Ех, бе вмровци…кај ви се оние стари, добри времиња кога Љубчо војводата вадеше 50.000 вмројни од дома. Кои сами…
Публикувахте от Jordanka Ivanovska-Joci в Вторник, 25 февруари 2020 г.
Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски од вечерашниот протест во Скопје испрати три барања и најави сигурна победа на предвремените парламентарни избори.
Со транспарент „Заев е виновен“ на чело на колоната, неколку илјади приврзеници на ВМРО-ДПМНЕ предводени од партискиот лидер Христијан Мицкоски вечерва во Скопје маршираа против неправдата. Прошетката започна пред Јавното обвинителство, а заврши пред Врховниот суд.
Според Мицкоски, „со протестниот марш започнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Од бината тој испрати три барања:
– Покренување истрага против Заев поради мешање во судството која ќе биде водена од непристрасни обвинители;
– Ревизија на работата и одлуките на Врховниот суд;
– Реформи во Советот за правосудство и експертска помош во реализацијата на реформите.
„Зоран Заев е виновен, затоа што во исто време е премиер, обвинител и судија. Виновен е затоа што е главен рекетар, главен забавувач кога се во прашање гафовите и трговец со виталните органи на нашата Македонија“, порача Мицкоски во говорот.
Зад него на бината, млади луѓе држеа транспаренти на кои пишуваше „Ниту правда, ниту мир“ и „Стоп за Заев и мафијата“. На митингот беа пуштани и снимки од разговорите за кои експратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски тврдеше дека докажуваат оти експремиерот Зоран Заев се мешал во работата на судската власт.
Мицкоски рече дека доколку тој дојде на власт, нема да се меша во одлуките на судството.Пред една недела и владејачката СДСМ маршираше за правда пред правосудните институции.