Писмото на таткото напишано за неговиот новороден син ги разнежни сите мајки

0

Татко напиша писмо за неговиот новороден син, а текстот стана хит и разнежни многу родители низ светот. Во него, Вилијам ја истакнува големината на мајчината љубов и признава дека никогаш нема да може да ѝ се оддолжи на сопругата што му роди дете.

„Мојот живот доби нова смисла. Секој ден, како што тој расте, расте и мојата љубов кон Лорен. Едно од најголемите нешта кои можам да ги направам за него е да ја сакам неговата мајка со сè што имам“ – изјавил тој откако текстот стана хит.

Девет месеци, мајка ти беше сè што ти познаваше. Пред јас да те земам во раце, мајка ти те држеше и никогаш не те пушти.

Пред јас да го жртвувам моето време за тебе, мајка ти со задоволство го жртвуваше нејзиното тело. Пред јас да те тешам кога ќе беше вознемирен, мајка ти те тешеше само со биењето на нејзиното срце.

Пред јас да те смирувам кога ќе беше неспокоен, мајка ти те смируваше само со нејзиниот глас. Пред јас да можам да направам што било за тебе, мајка ти даде сè за тебе.

Мајка ти е причината што те држам денес. Дури и пред да станеш искра во моите очи, ти беше дел од срцето на мајка ти.

Твојот живот, твојата безбедност и целото твое постоење зависеа од неа. Нешто за што јас никогаш нема да можам да се оддолжам.

Ќе ти треба долго време за да ја разбереш тежината, длабочината и неизмерноста на љубовта која мајка ти ја има кон тебе.

Но, еден ден, кога ќе имаш свои деца, ќе го видиш она што јас сега го гледам многу јасно.

Затоа, ќе те држам цврсто. Но, ќе ја држам мајка ти поцврсто, бидејќи колку повеќе ја разбирам големината на мајчината љубов, толку повеќе расте мојата љубов кон тебе.

Извор: Фемина

Претходна статијаЈоци со уникатен коментар по вечерашниот марш на ВМРО-ДПМНЕ: Бубето за Мице е Елвис Присли
Следна статијаШто правеле Срџан Керим и Мане Јаковлевски во Берлин, додека овој бил амбасадор во Германија