Јанушев откри дали Елизабета Канчевска – Милеска се враќа назад во ВМРО – ДПМНЕ

0

Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше и шпекулацијата за враќањето на Елизабета Канчевска – Милеска назад во партијата.

„Го коментиравме тоа, една обична шпекулација. Се продолжува со тие спин игри од СДСМ да се дефокусира јавноста од Рекет, од последните случаи со кого се среќавал Заев и неговиот брат.“

На прашањето на модераторот на ТВ21, дали ВМРО-ДПМНЕ комуницира со албанските партии за коалиција на престојните избори, Игор Јанушев одговори дека неговата партија континуирано комуницира со албанските партии.

На прашањето од Анета Додевска, дали можеби БЕСА преговара со ВМРО-ДПМНЕ, откако од таа партија се изјаснија дека не преговараат со СДСМ, Игор Јанушев само кратко одговори: „Можеби“.

Игор Јанушев вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, потврди дека долгот на ВМРО-ДПМНЕ е осум милиони евра. Тој претходно рече дека имотот е замрзнат, но сметката не е блокирана.

На прашање на аналитичарот Алберт Муслиу, дали ВМРО-ДПМНЕ е за целосен ветинг во судството, Игор Јанушев само одговори: „Апсолутно да!“.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 го коментираше и разрешувањето на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Тој смета дека таблата не е проблематична, туку нешто друго.

Претходна статијаПред 3 месеци се омажив, а до нас живее еден чудак, сите бегаат од него – се изненадив кога му отидов
Следна статијаНајчевска бара помош – им требаат итно изјави заверени на нотар